Македонија

Сакате повторно да го проследите 6 FMCG Summit 2020? Реприза само во недела

02 дек 2020

Редакцијата на InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“ ќе го репризираат 6 FMCG SUMMIT 2020, на барање на оние кои го пропуштија Самитот што се одржа онлајн, во живо, на 26 ноември. 

И покрај рекордната посетеност од над 1.500 посетители, интересот за 6 FMCG SUMMIT 2020 не спласнува. Говорниците и нивните теми предизвикаа внимание кај компаниите, особено оние од FMCG поради што ќе овозможиме реприза.

Репризата ќе можете да ја гледате в недела(6.12.2020), цел ден (00:01 - 24:00часот), на овој линк.  

Ексклузивен говорник на 6 FMCG SUMMIT 2020 беше д-р Надја Жексембаева, бизнис сопственик, едукатор, говорник и автор, на темата „Зошто треба да правите реинвенција на вашата компанија секои три години?". Нејзината најнова книга е „Како да научиме не само да преживееме во оваа нова реалност, туку и да напредуваме“ (The Chief Reinvention Officer Handbook: How to Thrive in Chaos). Од оваа книга можат бесплатно да се симнат 85 страници, на следниот линк.

Говорници на 6 FMCG SUMMIT 2020 беа: 

 Ана Јеличиќ од „Design Thinkers Academy“ (Србија), која зборуваше за Design Thinking како начин на делување; Поликарп Арсеновски, генерален менаџер на „Thrivity“ посочи кој е патот до вистинските луѓе; Иван Крушковиќ од „Нилсен“(Србија) се осврна на темата „Креирање вредност преку оптимизација на полиците", а Митка Мојсовска од КОЛА го пренесе нејзиното искуство за контролингот како клуч за квалитетни бизнис одлуки.

Со Петар Ќорлука, сопственик на “Виолета“ направивме интервју за вистинските потези за успех; Јелена Кнежевиќ Влаховиќ, зборуваше за илузијата на одговорноста, а Антонио Зрилиќ од „Логико“, Хрватска, ги објасни стратегиите за еластичен синџир на снабдување пост - Ковид. Кина Демирел од „Migros Ticaret A.Ş”, Турција говореше на темата „Нова лојалност во новата реалност", а Филип Станковиќ , од „Филип Морис Интернешнал“, „Нојшател“ Швајцарија, ги кажа научните докази зад новите тутунски производи. 

Генерален спонозор на Самитот беше Atlantis, а спонзори Pringles, Sütaş , Ramstore, NLB  Banka, Пивара - Скопје, Пакомак, THRIVITY и GURMANO. 

InStore и „Кликер маркетинг“ Ве очекуваат на следниот, 7 FMCG SUMMIT в година!



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



Уште 24.000 граѓани ќе добијат по 6.000 денари

15 јан 2021

Во февруари УЈП ќе ги исплаќа парите од скенираните сметки

15 јан 2021

Просечната плата во ноември била 27.588 денари

15 јан 2021

ССК со 15 предлог мерки бара дополнителна помош од Владата

15 јан 2021

Компаниите ќе бидат ослободени од царински давачки за една година

15 јан 2021

Во февруари ќе биде објавен петтиот сет антикризни мерки

15 јан 2021
Вчитува уште новости...