Македонија

„Пакомак“ постави четири вендинг машини во Охрид и Струга

19 Jul 2024

„Пакомак“ постави четири повратни вендинг машини за собирање на пластични шишиња и лименки во Охрид и Струга.

Во Охрид поставени се две повратни вендинг машини и тоа во „Kам“ маркет во Т.Ц. „Кам Вилиџ“ и во „Тамаро“ на ул.„АСНОМ“ бр.21.

Во Струга пак повратните вендинг машини се наоѓаат во „Kам“ маркет   во „Генц дуа мол“ и во  „Маркет Миса“  на ул.„Димитар Влахов“.

Доволно е да имате желба соодветно да го одложувате отпадот и секако да ја превземете апликацијата „Екомак“, а притоа тоа добивате „зелени поени“, кои подоцна можете да ги искористите за купување ваучери и производи. Охрид и Струга се нашите најголеми туристички центри кои ги посетуваат илјадници туристи годишно. Со поставување на вендинг машините придонесуваме за намалување на отпадот по улиците и плажите, а со тоа овозможуваме почисти и поубави туристички места. Апелираме до жителите и туристите во Охрид и Струга да ги собираат пластичните шишиња и лименки и да ги одложуваат во повратните вендинг машини. Да го претвориме ѓубрето во корисен отпад , порачуваат од „Пакомак“.

 Апликацијата „ЕкоМак“ може да се презема на следниот линк: https://qrco.de/bdB0HZ

 

Извор/Фото: „Пакомак“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...