Нови

14 мај - Еднодневна обука - REVENUE GROWTH MANAGEMENT

02 Apr 2025

На 14 мај, InStore и Кликер Маркетинг организираат еднодневна  обука на тема - REVENUE GROWTH MANAGEMENT - Управување со раст на приходите.

Kако можат компаниите да продаваат повеќе производи по повисоки цени?

Придружете се и откријте како со примена на докажани стратегии да ја зголемите продажбата, да ја подобрите профитабилноста и да го зајакнете вашиот бренд во најпредизвикувачките пазарни услови!

Што е Revenue Growth Management?

Управување со раст на приходите (RGM) е стратегиски пристап создаден за да им овозможи на FMCG-компаниите да продаваат поголеми количества на свои производи по повисоки цени, со постигнување долгорочен раст и одржливост.

На оваа еднодневна обука ќе ги анализираме и примениме 10-те клучни елементи на RGM штоги користат најуспешните компании во светот, а кои ќе ви помогнат да го трансформирате начинот на кој работите и да постигнете подобри резултати.

Што да очекувате?

Динамични и практични предавања со фокус на конкретни резултати:

  • Практична примена: Ќе работите на задачи и примери од реалниот свет кои директно се применливи на вашите бизнис-предизвици.
  • Докажани глобални стратегии: Ќе учите од најдобрите, со успешни приказни на водечките брендови низ целиот свет.

 

Што ќе научите?

  • Како да продадете поголеми количества производи по повисоки цени, со максимално искористување на пазарните можности;
  • Како да создадете идеална архитектура на цените и пакувањето (PPA) што ја зголемува профитабилноста;
  • Како да изградите силен бренд кој напредува дури и во неповолни пазарни услови;
  • Како ефикасно да ги искористите податоците и увидите од потрошувачите за раст и иновации;
  • Како да примените OBM маркетинг (маркетинг заснован на пазарни можности), за зголемување на продажбата и привлекување на вниманието на потрошувачите;
  • Како да изградите долгорочни односи со трговците за заеднички напредок;
  • Како ефикасно да соработувате со меѓуфункционални тимови за постигнување врвни резултати.

 

ПРИЈАВИ СЕ!

 

За кого е наменета обуката?

За сите кои директно или индиректно придонесуваат за приходите на својата компанија:

  • Тимови за продажба
  • Тимови за маркетинг
  • Комерцијални тимови/ Тимови за продажни стратегии
  • Менаџери на различни нивоа
  • Лидери на различни нивоа во организацијата

Предавачи

Предавачи на обуката ќе бидат Андреа Кркач и Кристијан Матијашевиќ – поранешни сениор менаџери во Coca-Cola со повеќе од 20 години искуство во FMCG-индустријата. Успешно развиваа и унапредуваа брендови во 26 земји во регионот на Централна и Источна Европа. Со над 100 реализирани меѓународни обуки им помогнаа на многу компании да го редефинираат својот пристап кон раст на приходите.

    

 

КОТИЗАЦИИ

4 и повеќе лица од компанија - 269 евра по лице

3 лица од компанија - 279 евра по лице

2 лица од компанија - 289 евра по лице

1 лице - 299 евра

(ДДВ не е вклучен во цената)

 

Во цената на котизацијата е вклучено следење на предавањето, сертификат, ручек, пијалаци и кафе за време на паузите.

 

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

meri@instore.mk

Мери Каталиниќ, 071 262 441



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...