Економија

Од април минималната плата ќе биде повисока за 2.200 денари

25 Mar 2025

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека од април ќе биде исплаќана законски предвидената минимална плата, односно околу 2 200 денари повеќе од сегашната најниска плата.

Тој додаде дека доколку во наредните месеци се постигне спогодба меѓу работниците и работодавачите за поголем износ, ќе бидат извршени законски измени и дополнително усогласување.

Денеска имаме владина седница, разговарав со министерот за економија, ќе поминеме информација. Согласно Законот мислам дека минималната плата ќе се зголеми на ниво од 24 400, така е според Законот.“, кажа Мицкоски.

 

Фото: Принтскрин



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...