Албанското претставништво на „Конад“ соопшти дека планира да се проширува со влез на пазарите во Црна Гора и Северна Македонија.
Порталот „Рителј Србија“ пренесува дека италијанскиот трговски синџир „Конад“ во Албанија поседува околу 40 модерни супермаркети опремени по највисоки светски стандарди и во последите години остварува позитивен пораст во своето работење.
Приходите кои компанијата ги остварила од продажба од 2018 до 2022 година пораснал од 44 на 72 милиони евра, што е пораст од 63%.
Покрај присуството на пазарот во Албанија и на матичниот пазар во Италија, компанијата е присутна и во Сан Марино, Кина и Косово.
Извор: banker.me
Фото: „Конад“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.