Регион

Србија: „Лидл“ со стратегија за свесност за здрава исхрана

19 Jul 2024

Како еден од водечките прехранбени трговски синџири во Европа, „Лидл“ – Србија го препознава своето влијание во однос на исхраната кај луѓето и одговорно се однесува кога е во прашање здравјето на потрошувачите и планетата.

Во рамките на својата стратегија „Лидл“ посветено работи преку транспарента комуникација да овозможи што поширок асортиман од здрави и одржливи производи.

Тоа значи повеќе здрави производи на растителна основа, интегрални и оние со помалку шеќер и сол, како и поголема понуда на одржливи производи, оние кое се помалку штетни по планетата, како намирници на база на растителни протеини, вегански производи и органски одгледуван зеленчук и овошје.

На тој начин, „Лидл“ на своите потрошивачи ќе им го олесне донесувањето на одлуки при купувањето и со тоа позитивно ќе влијае на  на другите луѓе, како и во зашититата на планетата.

Минатата година компанијата го намали уделот на сол  за 20%  до 50% во одредени лебови и пецива кои се во понудата на „Лидл“.

Свесноста за храната овозможува избалансираност во исхраната, со дополнително засилување на потрошувачите во донесувањето на одлуки при изборот на храната, како и транспарентна комуникаци и понуда на здрави и одржливи производи, соопштуваат од компанијата.

Покрај тоа, со цел да им се даде поддршка на купувачите за свесност во исхраната, „Лидл“ покрена акција за означување на дел од асортиманот со ознаката „Нутри скор“.  Оваа ознака е видлива на производите и нуди преглед  на нутритивната вредност за поледно да се донесат одлуки при изборот на здрава храна.

 

    

Извор: InStore.rs

Фото: „Лидл“- Србија



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...