После остварениот пораст на продажбата во првата половина од годинава, од 2,8 на 10,9 милијарди евра, „Хенкел“ ги зголеми своите прогнози за оваа година.
Коригираниот оперативен профит на компанијата за овој период во однос на истиот период од претходната година има пораст за 28,4% или 1,6 милијарди евра.
Сегментот потрошувачки брендови бележи годишен раст на продажата од 4,3% или 5,3 милијарди евра.
Единицата „Адхесиве технолоџис“ остварила продажба во вредност од 5,5 милијард евра, што претставува пораст на годишно ниво од 2%.
Од компанијата очекуваат дека заработката по акција ќе има пораст за 20 до 30 проценти по константен курс, во однос на претходните насоки за раст од 15 до 25 проценти.
Многу добриот деловен учинок од првата половина од годинава и фактот дека повторно ги подигнавме изгледите за фискалната 2024 година, јасно покажуваат дека сме на добар пат со нашата стратегија, изјави Карстен Кнобел, генерален директор на „Хенкел“
Извор: ESM magazine
Фото: „Хенкел“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.