
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„АБ ИнБев“ потврди дека Stella Artois од јули 2027 година ќе стане официјално пиво на UEFA Лигата на шампионите, со што еден од неговите главни брендови ќе биде позициониран во центарот на следниот комерцијален циклус на европскиот клупски фудбал, додека соработката на Heineken со натпреварувањето ќе заврши по повеќе од три децении, пренесува Football Business.
Компанијата за време на презентацијата за пазарите на капитал го наведе Stella Artois како бренд што ќе го користи во рамките на Лигата на шампионите и претстави повеќе детали за тоа како планира да ги користи правата од ова партнерство. Промената доаѓа откако „Хајнекен“ потврди дека неговото партнерство со Лигата на шампионите ќе заврши во август 2027 година.
„Со вклучувањето на Лигата на шампионите следната година, ќе имаме не само уште еден глобален момент за следење спорт во текот на работната недела, туку и присуство од вторник до четврток, во текот на десет месеци годишно“, изјави Марсел Маркондес, директор за маркетинг на „АБ ИнБев“.
Амбасадорот на брендот Stella Artois, Дејвид Бекам, исто така, се појави за време на презентацијата, поврзувајќи го брендот со натпреварувањето во кое и самиот настапуваше во текот на својата кариера.
„Лигата на шампионите за мене секогаш ќе биде многу посебна и ми донесе еден од најдобрите моменти во кариерата. Таа го претставува врвот на европскиот клупски фудбал, со најстраствените навивачи од недела во недела“, изјави Бекам.
Изборот на Stella Artois покажува како „АБ ИнБев“ планира да го искористи натпреварувањето за развој на премиум брендот на меѓународните пазари. Раководителите на компанијата го опишаа следењето спортски настани како една од приоритетните можности за продажба на пиво и наведоа дека сакаат големите партнерства да ги поврзат со брендови кои веќе имаат значителен обем на работење, но и простор за понатамошен раст.
Лигата на шампионите во портфолиото на спортски партнерства на „АБ ИнБев“, кое ја вклучува и долгогодишната соработка со FIFA Светското првенство, ќе додаде редовна платформа на европскиот клупски фудбал. За разлика од поединечен турнир, клупските натпреварувања на UEFA се одржуваат во текот на поголемиот дел од годината, обезбедувајќи повеќекратни можности за кампањи поврзани со натпреварите и моментите во кои навивачите ги следат.
„Хајнекен“ е спонзор на Лигата на шампионите од 1994 година, поради што неговото повлекување претставува значајна промена во едно од најпрепознатливите комерцијални партнерства на натпреварувањето. Неговиот актуелен договор го опфаќа циклусот од 2024 до 2027 година, додека новото партнерство во категоријата пиво ќе биде дел од комерцијалната програма што се развива за машките клупски натпреварувања на UEFA од 2027 година.