
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Што се случува кога HR ќе погледне на својата улога од перспективата на менаџментот? Токму ова прашање беше во фокусот на обуката со Роко Водопија, одржана на 30 септември, која даде можност за нов поглед кон секојдневните предизвици, одлуки и приоритети во професионалното работење.
Обуката се одвиваше во динамична и пријатна атмосфера, со фокус на активна вклученост и директна комуникација. Водопија, преку своето искуство и конкретни примери од професионалната практика, ги доближи темите до реалните ситуации со кои се соочуваат HR-професионалците, додека прашањата и дискусиите овозможија дополнителна размена на знаења, искуства и гледишта. Ваквиот пристап придонесе обуката да остане интересна и динамична до самиот крај.

На крајот, секој учесник препозна различен аспект како корисен и применлив во својата работа. А токму тоа е една од вредностите на добрата обука – да не заврши со последниот слајд, туку да остави нова идеја, поинаков поглед или сознание што ќе најде примена во секојдневната работа.


А ние, InStore и „Кликер маркетинг“, продолжуваме посветено да организираме обуки со внимателно одбрани теми и професионалци од кои има што да се научи.
Се гледаме на следната!