
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Иљас Незири, технолошки лидер специјализиран за вештачка интелигенција (ВИ), претприемничка архитектура и дигитална трансформација, ќе биде говорник на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Незири на самитот ќе ја претстави темата „Retail AI by XToka“, преку која ќе покаже како вештачката интелигенција може да им помогне на трговците во реално време да ги откриваат падовите на продажбата, да ги идентификуваат нивните причини и да преземаат конкретни активности за решавање на проблемите во рок од само неколку часа.
Со практична демонстрација на Retail AI, ќе биде прикажано како податоците се претвораат во јасни анализи, прогнози за продажбата и конкретни задачи за тимовите. Демонстрацијата ќе го опфати целиот процес – од првичниот сигнал за проблем во продажбата, преку идентификување на причините, до дефинирање активности за негово решавање.
Посебен акцент ќе биде ставен на тоа како вештачката интелигенција може да им помогне на трговците побрзо да реагираат на промените, да ги оптимизираат операциите и да ги претворат информациите во навремени и применливи решенија.
За говорникот:
Иљас Незири е главен извршен директор и архитект на решенија во XToka AI, со специјализација во вештачката интелигенција и дигиталната трансформација.
Како главен извршен директор на XToka Solutions, тој го предводел развојот на платформи базирани на вештачка интелигенција и деловни решенија за авијацијата, малопродажбата и други индустрии.
Неговата работа е насочена кон поврзување на деловната стратегија со новите технологии, со цел да им помогне на организациите да ја применат вештачката интелигенција, да ги оптимизираат оперативните процеси и да развиваат скалабилни дигитални решенија.
