InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
ИМА тоа што веќе со години ја истражувам историјата на домашното рекламирање. Ги читам и ги интервјуирам доајените на нашата рекламна сцена. Списокот е таков што на него сигурно има и некој што баш и не го сакате. За мене и тоа е гаранција дека сум на вистинскиот пат, но ќе видиме.
Пишува: Славољуб Станковиќ, раководител на креативниот оддел, Ananas E-Commerce
Што би рекла една реклама деновиве: Што ИМА?
ИМА тоа што веќе со години ја истражувам историјата на домашното рекламирање. Ги читам и ги интервјуирам доајените на нашата рекламна сцена. Списокот е таков што на него сигурно има и некој што баш и не го сакате. За мене и тоа е гаранција дека сум на вистинскиот пат, но ќе видиме.
Што можам да ви навестам како тизер?
На пример, како настанал познатиот слоган Не е сеедно. Истражувањето покажало дека кога нашите луѓе ќе ги прашате што ќе пијат, прецизно одговараат која ракија, пиво или вино ја сакаат. Меѓутоа, кога сакаат сок, велат: сеедно. И ете. Тоа паметно го свртеле Миша Лукиќ и Дејан Бојовиќ Бојке.
Или, кој се наоѓа на логото на Зоолошката градина во Белград? Фрлете поглед на веб-страницата и ќе видите дека во зелената елипса се наоѓа парафраза на сцената од таванот на Сикстинската капела. Меѓутоа, наместо Божјата и човечката рака, како што Микеланџело го прикажал Создавањето на Адам, еден кон друг ги испружуваат прстите мајмун и човек. Всушност, тоа се рацете на директорот Вук Бојовиќ и мајмунот Сами. Автор е Боб Живковиќ.
Како клиентот одлучува за името на производот? На пример, нов изум што за неколку минути покажува дали сте во плодните денови. Добар тест за оние што планираат бременост, но и за оние што не сакаат да забременат. Агенцијата има очигледно решение, кое истовремено е и име и слоган: Мејби бејби (Maybe Baby). Бидејќи претпоставуваат дека за клиентот тоа ќе биде премногу смело за да го прифати, смислуваат уште порадикален пристап, чисто за да се забележи разликата: Туцко! Се разбира, клиентот се вџашува и веднаш се одлучува за веќе легендарното Мејби бејби. Агенцијата е Тим Талената. Автор на стратегијата и на двете имиња е Миќко Љубичиќ.
Ја знаете онаа позната етикета за пивото „Валтер“, со Бата Живоиновиќ и шмајсер во раката? Тоа воедно е и нашиот прв светски вирален хит што го сподели целата планета. За време на бомбардирањето, од мака и на шега, ја создале Вук Лончаревиќ и Аца Деда Котај. За пиво што не постои. Се разбира, приказната стигнала и онаму каде што не требало. На националната телевизија, се присетува Вук, се емитува емисијата што ја води Мира Адања Полак, а темата е: во Кина се пијат хектолитри пиво „Валтер“! Шок, си помислувам, ова не е на добро! Ѝ испраќам порака на Мира: „Госпоѓо, тоа пиво не постои“, а таа ми одговара: „Опуштете се, Вуче, нема врска...“
Да заклучиме: брендот е приказна. Голема приказна. По два месеца, на Аца Деда му заѕвонил фиксниот телефон. Од другата страна на линијата — кој? Бата Живоиновиќ! „Слушнав“, вели, „дека постојат некои двајца битанги што ме ставиле мене на пиво“. Настанува тишина. Мук. Деда се препотил од страв. А Бата, всушност, ги повикал на пиво во „Пастув“, местото каде што сакал да оди.
Ете. Додека се обидувате да се разладите, само да знаете дека имињата на сладоледните класици Снешко, Руменко, Рум коктел и Цмок ги смислил Драган Сакан. Саки на брејнстормингот го донел и денес веќе легендарниот слоган Поубаво е со култура. Неговиот партнер од „Саачи“, Иван Станковиќ, го направил истото за политичката кампања Кога е тешко, Човиќ. Она чудо на Банет Бркљач, „Космодиск“, го прослави слоганот Изгледа шашаво, ама мене грбот веќе не ме боли. Го креирала Надежда Миленковиќ. Исто како и слоганот Или си или не си лав.
Ајде, квиз!
Каде и да одиш, Ки-ки секаде! — Ратко Зврко, 1935 година. Имаше само 15 години. Нема врска. Жарко Сакан на шестгодишна возраст му ја дал на татко му идејата за познатата Жвазбука.
Пријателот останува пријател? — Ана Вехауац.
Лесно се пали, а никако не се гаси — за коцките „Хепо“? Влада Чех. Сосема заслужено.
Слоба Милетиќ. Тијаниќ ја додал/ставил точката.
Институтот за странски јазици и познатиот слоган Куќа од зборови? — Деда Котај.
Чокосмоки го смислил Дејан Недиќ.
Светско, а наше — Миќко Љубичиќ и Воја Жанетиќ, по кој било редослед.
Да не чуе злото — за „Зептер осигурување“, големиот Душко Ковачевиќ...
Брендот е позиција во свеста на потрошувачот. Значи, мисла. Значи, реченица. Добро, постојат различни дефиниции за тоа што е бренд. Брендот е и бленд — мешавина од различни важни својства што го прават она нешто препознатливо.
Од деловен аспект, брендот е исполнето ветување. Традиционално, брендот е доверба. Од медиумски аспект, брендот е тренд. Емотивно, брендот е френд. Музички, брендот е хит. Ликовно, брендот е жиг. Прагматично, брендот е решение за проблемите. Филозофски, брендот е суштина. Спортски, брендот е цел. Како во бајка или порнофилм, брендот секогаш има хепиенд.
Да заклучиме: брендот е приказна. Голема приказна.
Ете, тоа има.