InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Морисонс“ ја унапреди својата апликација More Card со воведување попрецизни, хиперперсонализирани понуди, со што купувачите на овој трговски синџир за првпат ќе добиваат персонализирани цени за конкретни производи, пренесува The Grocer.
Корисниците на апликацијата More Card отсега секоја недела ќе добиваат шест понуди приспособени на нивните навики за купување, кои вклучуваат процентуални попусти или дополнителни More Points поени при купување на опфатените производи за време на промотивниот период.
Претходно, купувачите можеа да избираат персонализирани понуди или попусти за одредени категории производи, како дополнителни 10 поени за лојалност при купување производи од брендот Quorn.
„Секогаш ги слушаме нашите купувачи и бараме начини да ја направиме апликацијата Morrisons More Card уште подобра. Ги надградивме функционалностите што купувачите веќе ги сакаат, правејќи ја апликацијата поедноставна за користење и навигација, а истовремено воведовме попаметни, хиперперсонализирани понуди и практични функции што го олеснуваат секојдневното купување“, изјави Гарет Лојд, директор за маркетинг на вредност и програми за лојалност во „Морисонс“.
Тој додаде дека сите подобрувања се насочени кон тоа купувачите да добијат максимална вредност и поволности приспособени на нивните индивидуални потреби.
Покрај персонализираните понуди за поединечни производи, апликацијата сега содржи и алатка што им овозможува на корисниците да го скенираат баркодот на производ што им се потрошил дома и автоматски да го додадат на својата листа за купување во апликацијата.
Од компанијата наведуваат дека целта на ова унапредување е да го поедностави купувањето и да им помогне на корисниците да добијат поголема вредност преку програмата More Card.
Обновената верзија на апликацијата вклучува и редизајнирана почетна страница на која се истакнати најпопуларните функции.
Меѓу нив е и алатката Price & Product Finder, која им овозможува на купувачите да пребаруваат производи, да ги проверуваат цените и да ја пронајдат точната локација на артиклите во нивната локална продавница.
Минатиот месец „Морисонс“ најави и воведување на функцијата „shop to light“ во стотици свои продавници.
Оваа опција им овозможува на купувачите што бараат одреден производ да притиснат соодветно копче во апликацијата, по што електронската етикета на полицата (ESL) почнува да свети.
Електронските ценовни етикети постепено се воведуваат во сите 497 продавници на „Морисонс“, додека технологијата веќе е активна во околу 200 објекти.
Функцијата „shop to light“ ќе биде интегрирана во алатката за пребарување производи во апликацијата Morrisons Now.
Откако системот ќе потврди дека купувачот се наоѓа во соодветниот премин меѓу полиците, се активира светлосен сигнал на електронската етикета токму на полицата каде што се наоѓа бараниот производ, со што дополнително се олеснува снаоѓањето во продавницата.