
На 29 октомври во Скопје, во хотелот „Александар палас“ ќе се одржи најзначајниот трговски настан на годината 12. FMCG Summit.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Агендата носи актуелни теми, пазарни анализи и практични искуства, со фокус на новите правила во малопродажбата, порастот на FMCG-пазарот, комерцијалната извонредност, развојот на брендовите и примената на вештачката интелигенција во деловното работење.
Меѓу говорниците се Борис Планер, амбасадор на World Retail Congress; проф. д-р Андреј Визјак, извршен директор на AV.consulting; Реј Гаул, извршен директор на Retail Cities; Ненад Николовски, експерт за бизнис-трансформација; Игор Јокиќ, основач и главен консултант на Velostra; Милица Живадиновиќ од NielsenIQ; Лазар Ѓуров од институт „Симбиотика“, Полексена Јанкуловска, регионален маркетинг-менаџер во Imlek Group | Bimilk и Огнен Огненоски од „Бизнис мрежа“.
Програмата почнува со анализа на успешните модели во европската малопродажба и факторите што го поттикнуваат порастот на пазарот, продолжува со теми за развој на организациите, комерцијалните стратегии и создавањето нова вредност во FMCG-категориите, а во попладневниот дел ќе бидат презентирани и анализи на податоци за индустријата, новата улога на маркетингот и влијанието на вештачката интелигенција врз бизнисот.
Завршницата на самитот е резервирана за панел-дискусијата „Кога повеќе станува премногу?“, на која ќе се отвори прашањето за пренатрупаниот асортиман, исплатливоста на иновациите и сè посилната конкуренција од приватните трговски марки.
Погледнете ја целосната агенда и бидете дел од 12. FMCG Summit – ден посветен на знаење, деловно поврзување и идеи за пораст на FMCG-индустријата.
