
Во мојот дом има еден уред што е попрецизен од секое истражување на пазарот. Не чини ништо, работи 24 часа дневно и никогаш не се расипува. Тоа е мојата седумнаесетгодишна ќерка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Пишува: Далиборка Росиќ, маркетинг-директор, „Др. Еткер“
Во мојот дом има еден уред што е попрецизен од секое истражување на пазарот. Не чини ништо, работи 24 часа дневно и никогаш не се расипува. Тоа е мојата седумнаесетгодишна ќерка.
Нејзиниот детектор за лажен сјај е непогрешлив. Кога ќе се обидам да ѝ претставам нешто како одлична идеја (а ние, мајките, имаме талент за одлична идеја да прогласиме сè што ни оди во прилог), таа го препознава тоа за три секунди. Доволен е еден поглед преку рамо и лесно подигната веѓа, и веќе знам дека мојата кампања не поминала. Нула конверзии. Следниот пат, ве молам, со подобар аргумент.
И тогаш, меѓу едно „зошто“ за време на вечерата и еден поглед преку рамо, сфаќам дека со години под мојот покрив живее најдобриот маркетинг-консултант што сум го сретнала. Без питчеви, без презентации, без статусни состаноци. Редно е да го запишам најважното што го научив од неа.
Не купува приказни, купува вистина. Има вграден радар за сè што е пренадувано, дотерано до непрепознатливост и претерано. Ако нешто ѝ ветам, а не го исполнам, готово е. Нема втор обид, нема „ајде, уште еднаш“. Ми го отежнува животот, признавам. Но, ме натера и двапати да го проверам секој збор пред да го изговорам, и дома и на работа.
Прашува „зошто“ сè додека не ме излуди. „Зошто баш така?“ Понекогаш мислам дека прашува само за да ме тестира (и тоа навистина го прави, со огромно задоволство). А потоа се фаќам себеси како немам одговор... Тоа обично е моментот кога сфаќам дека нешто вреди да се преиспита. Истото важи и на работа. Едно обично „зошто“. Изгледа како ситница, а може да отвори половина стратегија.
Во маркетингот често зборуваме за тоа како да го привлечеме вниманието на луѓето. Многу поретко се прашуваме дали навистина сме го заслужиле. А можеби токму тука е разликата меѓу пораките што само поминуваат покрај нас и оние што остануваат со нас. Кажува кога ѝ е здодевно. Ние, возрасните, научивме да останеме пристојни. Ќе поседиме на состанокот. Ќе ја ислушаме презентацијата. Ќе ја изгледаме рекламата. Ќе кимнеме со главата. Таа го нема тој проблем. Ако нешто ѝ е здодевно, ќе го дознаам за помалку од една минута. Понекогаш тоа ме нервира. Понекогаш ми е покорисно од кое било истражување, бидејќи во маркетингот често анализираме што им го привлекува вниманието на луѓето, а многу поретко си признаваме кога, всушност, го губиме.
И уште нешто ме научи: не заслужува сè (и секој) мое внимание. Јас сум од генерација што научила да одговори на секој меил и да ја следи секоја тема. Можеби таа не проценува подобро од мене, но проценува поинаку. Растеше во свет во кој за нејзиното внимание секоја минута се борат стотици пораки, објави, видеа и нотификации. За да го зачува фокусот, мораше рано да развие сопствени филтри. Ние учевме како да го привлечеме вниманието. Нејзината генерација учи како да го зачува. Колку повеќе ја набљудувам, толку повеќе мислам дека тоа е една од најважните вештини на денешницата. Во маркетингот често зборуваме за тоа како да го привлечеме вниманието на луѓето. Многу поретко се прашуваме дали навистина сме го заслужиле. А можеби токму тука е разликата меѓу пораките што само поминуваат покрај нас и оние што остануваат со нас.
Се разбира, не е дека со тој консултант-детектор секогаш е лесно да се соработува. Има денови кога најрадо би ѝ испратила бриф со јасен рок и молба да не ја крева веѓата пред втората реченица. Но, решив на тоа да гледам со благодарност. Зашто, ако нешто сум направила добро, тоа е што сум воспитала личност што не наседнува на празни ветувања, ниту во маркетингот, ниту во животот. А попатно, сосема бесплатно, добив и in-house обука за современ маркетинг.
И токму сега ме вика од кујната. Не може да го најде сокот, иако стои точно пред неа. Продира низ секоја претерана реклама, но фрижидерот, изгледа, сè уште е неистражена територија.