
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Милица Живадиновиќ, Client Service Executive во NielsenIQ, ќе биде говорник на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Живадиновиќ ќе зборува на тема „The Growth Path – Како иновациите, цената и потребите на потрошувачите го обликуваат порастот“, поврзувајќи ги актуелните податоци за македонскиот FMCG-пазар со регионалните трендови и промените во навиките на потрошувачите.
Предавањето ќе се фокусира на клучните фактори што денес го движат изборот и потрошувачката – од улогата на цената и вредноста што ја носат иновациите, до начинот на кој брендовите и трговците можат подобро да одговорат на потребите на потрошувачите. Преку локални податоци и регионални трендови, Живадиновиќ ќе го отвори прашањето каде се следните можности за пораст на FMCG-пазарот.
За говорникот:
Милица Живадиновиќ е магистер по економија со долгогодишно искуство во статистика, аналитика и меѓународни проекти. Во текот на професионалниот пат работела на пресметка на макроекономски показатели и развој на статистички методологии, а своето методолошко знаење го усовршувала на Универзитетот во Виена и во статистичката канцеларија во Краков.
Подоцна, стекнатото искуство го применува во FMCG-индустријата, со фокус на пазарните анализи и разбирањето на однесувањето на потрошувачите. Денес, како Client Service Executive во NielsenIQ, преку аналитички увиди им помага на клиентите да носат поквалитетни и поинформирани деловни одлуки.
