
Благодарение на донациите на граѓаните и заедничката иницијатива на „Марс“ и „Пет центар“, во 2026 година се обезбедени вкупно 12 тони храна за напуштени кучиња и мачки низ Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Благодарение на донациите на граѓаните и заедничката иницијатива на компанијата „Марс“ и „Пет центар“, во текот на 2026 година се обезбедени вкупно 12 тони храна за напуштени кучиња и мачки низ Србија.
Во рамките на втората овогодишна хуманитарна акција „Секоја донација вреди двојно“, покрената по повод Светскиот ден на животните, граѓаните од 1 октомври до 15 ноември собраа три тони храна, а „Пет центар“ и „Марс“, со поддршка на дистрибутивниот партнер „Нелт“, ќе ја удвојат вкупната количина собрана храна. На тој начин ќе се повтори успехот на акцијата од почетокот на годината, кога на ист начин беа обезбедени шест тони храна.
Акцијата се спроведуваше во сите продавници на „Пет центар“ низ Србија, а нејзиното значење се огледа и во тоа што собраната храна ќе биде распределена меѓу дури 16 здруженија за заштита на животните од различни краеви на земјата. Помошта ќе стигне до поголем број напуштени кучиња и мачки, но истовремено ќе претставува и важна поддршка за здруженијата што секојдневно се грижат за нив и настојуваат да им обезбедат што подобри услови за живот. Одзивот на граѓаните во текот на акцијата уште еднаш потврди колку се важни заедничкиот ангажман и солидарноста во обезбедувањето долгорочна поддршка за напуштените животни.
Освен акциите реализирани со „Пет центар“, „Марс“ обезбеди дополнителна поддршка за здруженијата преку глобалната иницијатива Mars Global Adoption Weekend. Целта на иницијативата е подигнување на свеста за значењето на вдомувањето и поддршка на активностите што ги зголемуваат шансите напуштените кучиња и мачки да најдат траен дом. По тој повод, на здружението „Зоовита“ во текот на ноември му беа донирани околу две тони храна, а беа обезбедени и финансиски средства за стерилизација на 24 мачки. Во рамките на оваа иницијатива, „Марс“ ја покрена и онлајн платформата Mars Adoption Hub, која нуди стручни совети и практични насоки за вдомувањето, подготовката на домот за доаѓањето на миленикот и одговорната грижа за него.
Од компанијата порачуваат дека ја продолжуваат соработката со организациите што се грижат за напуштените животни, со цел да обезбедат долгорочна поддршка за нивната работа, да ја унапредат благосостојбата на животните и да поттикнат одговорна сопственост и вдомување.
Фото: „Марс“