
Кога хуманитарната објава на Инстаграм ќе достигне 10.000 лајкови, „Лидл Србија“ ќе донира два милиона динари за Програмата за народни кујни на Црвениот крст на Србија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Пред новогодишните и божиќните празници, „Лидл Србија“ продолжува да го шири духот на солидарноста и ги повикува сите со едноставен гест да се приклучат на акцијата и да помогнат во обезбедувањето оброци за социјално загрозените граѓани.
Компанијата ги повика сите граѓани со еден клик да ја поддржат работата на народните кујни низ земјата. Кога хуманитарната објава на официјалниот Инстаграм профил на компанијата ќе достигне 10.000 лајкови, „Лидл“ ќе донира два милиона динари на Програмата за народни кујни на Црвениот крст на Србија.
„Празниците нè потсетуваат колку е важно да мислиме едни на други. Еден клик на социјалните мрежи за некого е ситница, но кога ќе се здружиме, тој станува конкретна поддршка за оние на кои најмногу им е потребна. Веруваме во солидарноста на нашите потрошувачи и сигурни сме дека заедно многу брзо ќе ја достигнеме целта од 10.000 лајкови и ќе ја обезбедиме оваа донација за корисниците на народните кујни“, изјави Јасмина Дејановиќ, раководителка на секторот Corporate Affairs во „Лидл Србија“.
Освен оваа активност, „Лидл Србија“ годинава ќе обезбеди и пакети со основни животни намирници за загрозеното население, кои ќе бидат поделени преку локалните организации на Црвениот крст на Србија. На тој начин компанијата продолжува да гради традиција на одговорно работење заснована на грижа за заедницата, поттикнување солидарност и зајакнување на чувството на заедништво меѓу луѓето.
Фото: „Лидл Србија“