
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од отворањето на првите продавници во 2018 година до денес, „Лидл“ – Србија прерасна во еден од водечките трговски синџири во земјата, а годинава ја презеде и лидерската позиција според пазарниот удел. Во разговорот за InStore, Драган Чигоја, генерален директор и член на Управниот одбор, зборува за тоа како се промениле навиките за купување кај граѓаните, зошто домашните производители се важен дел од развојот на компанијата и како се гради довербата кај купувачите.
Неговата професионална приказна со „Лидл“ трае повеќе од 20 години и датира од почетокот на развојот на компанијата во Србија. Кариерата ја почнал во „Лидл“ во Германија, а потоа дошол во Србија како прв вработен на овој пазар. Со текот на годините бил задолжен за различни области од работењето, пред сè, за експанзијата, а пред да ја преземе функцијата генерален директор, бил на позицијата член на Управниот одбор и директор за управување со недвижности.
Имав привилегија, заедно со тимот, да учествувам во развојот на компанијата од првите чекори до денешната мрежа, која ја сочинуваат два логистички центри и 86 продавници низ цела Србија, вели Чигоја на почетокот од нашиот разговор.
Дали од 2018 година повеќе се промени „Лидл“ или српскиот пазар?
Се променија и „Лидл“ и пазарот, дури можеби и со еднаков интензитет. Кога во 2018 година ги отворивме првите продавници, на пазарот дојдовме со моделот на модерен дисконт, кој тогаш беше целосно нов за Србија. Денес, осум години подоцна, јасно е дека се промени начинот на кој потрошувачите носат одлуки, но и начинот на кој работат сите трговци.
Во меѓувреме поминавме низ пандемијата, нарушувања во глобалните синџири на снабдување и период на големи економски предизвици, меѓу кои секако се и цените на суровините, енергентите и слично. Сето тоа влијаеше врз навиките за купување. Денес потрошувачите многу повнимателно го планираат купувањето, повеќе ги споредуваат цените, но притоа не сакаат да прават компромиси кога станува збор за квалитетот.
Истовремено се менуваше и „Лидл“. Од компанија која штотуку влегуваше на пазарот прераснавме во еден од водечките малопродажни синџири во земјата. Денес имаме развиена мрежа на продавници низ цела Србија, илјадници вработени, соработуваме со голем број домашни доставувачи, а производите од земјава преку меѓународната мрежа на доставувачи стигнуваат до многу европски пазари. Извозот на производи од српски доставувачи преку меѓународната мрежа на „Лидл“ достигна 22 милиони евра во 2025 година. Планот и амбицијата се двојно да ја зголемиме оваа бројка во следните две години.
Исто така, ќе ја искористам можноста да се пофалам и со фактот што сè поголем број потрошувачи во Србија секојдневно ни ја доверуваат довербата. Токму таа поддршка и препознавањето на квалитетот ни овозможија да оствариме најголем пазарен удел во земјава и да го заземеме првото место на пазарот на трговијата.
Веруваме дека одржливо ниските цени произлегуваат од ефикасното работење, силната конкуренција и долгорочните партнерства со доставувачите.
Дали постои некоја одлука што ја донесовте во првите години од работењето, а која придонесе за овој резултат и за која денес може да кажете: Добро е што тогаш имавме храброст да го направиме тоа?
Кога влегувавме на пазарот, најхрабрата одлука беше да влеземе со асортиман кој во првата година од работењето речиси 100% го сочинуваа нашите приватни трговски марки, без познатите брендови на кои купувачите во Србија беа навикнати. Во тој момент не бев целосно сигурен како ќе реагира пазарот, но се покажа дека тоа беше визионерски потег кој практично го поттикна и го трансформира целиот малопродажен сектор во земјата.
На купувачите веднаш им понудивме јасна и значително подобра ценовна перцепција. Докажавме дека квалитетот на нашите приватни трговски марки е на ниво на најпознатите брендови, па дури и подобар од некои од нив, со што ги срушивме предрасудите. Во времето кога дојдовме, уделот на приватните трговски марки на пазарот во Србија изнесуваше околу 6%, додека денес – токму благодарение на оваа промена во свеста – тој удел порасна на околу 15%, според податоците од истражувањата на „Нилсен IQ“ и „ЈуГов“. Потрошувачите, особено во услови на инфлација и општ пораст на трошоците, го препознаа паметното купување и во голем број се префрлија на приватни трговски марки.
Кога нашите брендови ја изградија целосната доверба и докажаа дека се рамноправни со најпознатите имиња, па дури и подобри, во понудата вклучивме и препознатливи брендови. Од почетните речиси 100%, уделот на приватните трговски марки во нашиот асортиман денес е нешто над 70%. На тој начин им понудивме на купувачите сè што им е потребно на едно место и дополнително ја зацврстивме лидерската позиција.
Што беше најтешко да ѝ се објасни на централата во Германија при отворањето на „Лидл“ во Србија за специфичностите на пазарот?
Најголемиот предизвик беше да се објасни исклучителната рационалност и прагматичност на српскиот купувач. Тоа реагира брзо и непогрешливо, за него цената често е првиот, клучен филтер и мерило за паметно купување, по што се анализираат и другите сегменти.
На централата, во почетокот, ѝ беше необично да разбере дека тоа не значи прифаќање полош квалитет, туку токму спротивното: српскиот купувач има високи барања, си ги цени парите и бара максимална вредност. Затоа, тој не сака да губи време и енергија бркајќи привремени акции и попусти. Сака предвидливост и почит – врвен квалитет по секогаш достапна цена, секој ден во годината.
Иако во одреден момент изгледаше дека пазарот се натпреварува во тоа кој ќе има подобра акција или попуст, не потпаднавме под тој тренд, туку ја продолживме стратегијата на ниска цена секој ден, а акциите, купоните и преостанатите поволности за потрошувачите ги сметаме за една секако голема, но дополнителна придобивка. Се покажа дека тоа беше полн погодок и оти пазарот и потрошувачите го препознаа тоа.

Кои промени од навиките на купувачите ги сметате за најзначајни? Дали тие денес доаѓаат со прецизен список или и понатаму има простор за импулсивно купување?
Потрошувачите сè повеќе посветуваат внимание на потеклото на производите и сакаат да знаат кој стои зад тоа што го купуваат. Со задоволство избираат производи од домашно потекло. Токму затоа континуирано ја развиваме соработката со домашните производители и даваме поддршка на локално ниво. Годинава почнавме со откуп на дополнителни милион литри млеко од домашните фармери, додека само преку брендот Pilos секој месец пласираме количество производи што одговараат на преработка на речиси 6 милиони литри домашно млеко.
Купувачите денес ја планираат купувачката попромислено од порано, но тоа не значи дека исчезнал просторот за импулсивни одлуки. Напротив, кога ќе препознаат квалитет, свежина или интересен производ, тие се подготвени да го пробаат.
Малопродажните маржи се честа тема... Колку, според Вас, јавноста е запознаена со структурата на трошоците на еден трговски синџир?
За малопродажните маржи во јавноста често се зборува поедноставено, при што неретко се губи од вид колку е сложен целиот систем на формирање на цените. Понекогаш се создава впечаток дека трговците се единствените што влијаат врз финалната цена, или дека маржата е еднаква на чиста заработка, што не е соодветно на економската реалност. Малопродажбата е само највидливата, последна алка во долгиот синџир на вредности во кој учествуваат и примарните производители, преработувачите, дистрибутерите, но и глобалните пазарни движења.
Конечната цена на полица не е одраз на проста одлука на трговецот. Маржата не е профит, туку рамка што ги покрива реалните и обемни оперативни трошоци – од набавната цена, транспортот и логистиката, преку енергентите и закупнините, до платите на вработените и строгите стандарди за безбедност на храната. Затоа, ако маржата се гледа изолирано, надвор од целиот синџир и поширокиот економски контекст, конкретниот модел на работење и пресметка – се добива недоволно прецизна слика.
Се трудиме преку ефикасни процеси, оптимизирана логистика и внимателно управување со асортиманот да го амортизираме порастот на трошоците каде што е можно за да го сведеме притисокот врз купувачите на минимум. Веруваме дека одржливо ниските цени произлегуваат од ефикасното работење, силната конкуренција и долгорочните партнерства со доставувачите.
За крај, замислете дека повторно разговараме за десет години. Што би сакале тогаш да можете да кажете за „Лидл“ во Србија и за Вашата улога во таа приказна?
За десет години, би сакал да можеме да кажеме една работа: дека не растевме само ние, туку дека го подигнавме целиот пазар. Дека останавме избор број еден, столб за домашните производители, препознатливи по високиот квалитет на понудата, како одговорен работодавец и трговец на кого му се верува. Кога ќе изградите таков однос со купувачите и заедницата, добрите деловни резултати доаѓаат сами по себе. А мојата улога? Би бил пресреќен ако за десет години можам да кажам дека ја имав привилегијата да раководам со тим што постави стандарди и изгради таква лидерска репутација.