
Летонскиот трговски синџир „Максима“ претстави нови оброци за деца од својата приватна марка Meistars Marks. Рецептурите се развиени во соработка со движењето за здрава исхрана Ēstprieks.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Грижејќи се за урамнотежена секојдневна исхрана, „Максима“, во соработка со движењето за здрава исхрана Ēstprieks, претстави нови оброци Meistars Marks, посебно осмислени за деца.
Како што истакнуваат од синџирот, рецептурите се развиени во соработка со стручњаци од Детската болница, кои работат на промовирање на здравата исхрана меѓу децата.
„Постојано размислуваме како да го развиваме асортиманот на Meistars Marks и да им го олесниме секојдневието на нашите купувачи. Овој пат посебно внимание им посветивме на децата, создавајќи оброци во соработка со движењето за здрава исхрана Ēstprieks, кое секојдневно обезбедува здрави оброци за пациентите на Детската болница. Ни беше важно сличната понуда да ја направиме достапна и во нашите продавници. При создавањето на новите производи сакавме да споиме неколку работи што им се важни на семејствата – внимателно одбрани состојки, вкусови што децата ги знаат и сакаат и, се разбира, пристапна цена. Се надеваме дека новите оброци ќе станат практично решение за родителите кога немаат можност сами да подготват оброк“, изјави Ивона Зирдиња, директорка на производниот сектор во „Максима Летонија“.
„Основата на здравата исхрана се разновидноста, редовноста и умереноста. И возрасните и децата треба да имаат три главни оброци и две до три ужини дневно. Оброците треба да вклучуваат намирници од различни групи. Извори на протеини се месото, рибата, јајцата, урдата и мешунките. Извори на енергија се житариците, како лебот, кашите, хељдата и овесните снегулки, како и компирот. Зеленчукот и овошјето обезбедуваат вредни хранливи материи и му даваат на оброкот разновидност и боја. Движењето за здрава исхрана Ēstprieks, заедно со компанијата „Максима“, сака да нагласи дека здравите избори не мора да бидат комплицирани ниту да одземаат многу време. Затоа нудиме целосен и урамнотежен оброк и на полиците во продавниците“, додаде Лизете Пуга, амбасадорка на движењето за здрава исхрана Ēstprieks и нутриционистка во Детската болница.
Асортиманот опфаќа два оброка наменети за деца, создадени земајќи ги предвид и нивните омилени вкусови. Тоа се пилешко филе со пире од компир и зеленчук, како и сирники (палачинки од урда).
При создавањето на новите оброци посебно внимание е посветено на изборот на состојките, за на децата да им се понуди не само вкусен, туку и хранливо вреден оброк. Пилешкото филе со пире од компир е збогатено со разновиден зеленчук, вклучително карфиол, тиквички, зелен грашок и црвена пиперка. Сирниките се избор богат со протеини, со висока содржина на урда и намалено количество шеќер.
Фото: „Максима“