
Утре, 29 октомври, во хотелот „Александар палас“ во Скопје, ќе се одржи 12. FMCG Summit Скопје, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Настанот ќе ги обедини клучните претставници од FMCG-секторот и сродните индустрии, нудејќи актуелни теми, предавања од водечки експерти, пазарни анализи и можности за едукација, размена на искуства и деловно поврзување.
Агендата на 12. FMCG Summit Скопје носи актуелни теми за иднината на малопродажбата, порастот на FMCG-пазарот, комерцијалните стратегии, развојот на брендовите, управувањето со категориите и примената на вештачката интелигенција. Меѓу говорниците се Борис Планер, амбасадор на World Retail Congress; Реј Гаул, извршен директор на Retail Cities; проф. д-р Андреј Визјак од AV.consulting; Игор Јокиќ, експерт за комерцијални стратегии; Огнен Огненоски, основач и извршен директор на Бизнис мрежа; Ненад Николовски, основач на AxisCore Consulting; Лазар Ѓуров од институтот Симбиотика; Милица Живадиновиќ од NielsenIQ; Полексена Јанкуловска од Imlek Group | Bimilk и Иљас Незири, извршен директор на XToka AI. Програмата ќе заврши со панел-дискусија на тема „Кога повеќе станува премногу?“, на која ќе учествуваат Катерина Теовска, маркетинг-директорка на „Пивара Скопје“, Александар Божиновски од „Атлантик група“ и Јованка Трајкова, комерцијална директорка на „Рептил“, под модераторство на Алма Растодер. Дискусијата ќе се фокусира на предизвиците поврзани со широчината на асортиманот, исплатливоста на иновациите и влијанието на приватните трговски марки врз продажбата и профитабилноста.
Поминете го денот со колегите од FMCG-секторот, слушнете ги искуствата на глобални, регионални и домашни експерти, дознајте повеќе за актуелните трендови во малопродажбата, развојот на брендовите, комерцијалните стратегии и примената на вештачката интелигенција во бизнисот. Искористете ја можноста за размена на искуства, нови деловни контакти и идеи за пораст.
📌 Искористете ја последната можност – пријавете се за 12. FMCG Summit Скопје 2026!
