
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Групацијата „Краш“ во првите девет месеци од 2026 година оствари консолидирани вкупни приходи од 147,3 милиони евра, што претставува раст од 4,5% во споредба со истиот период минатата година.
Според неревидираните финансиски резултати, нето-добивката на групацијата достигна 6,7 милиони евра, односно 6,5 милиони евра повеќе отколку една година претходно.
Вкупните консолидирани расходи на „Краш“ во овој период изнесуваа 139,2 милиони евра, што претставува намалување од 1,2% во однос на првите девет месеци од 2025 година.
Остварената EBITDA изнесуваше 14,3 милиони евра, што е зголемување од 6,2 милиони евра во споредба со истиот период претходната година, додека EBITDA-маржата достигна 9,7%.
Од „Краш“ истакнуваат дека постигнатите резултати претставуваат основа за продолжување на инвестицискиот циклус, кој опфаќа вложувања во постојните производствени капацитети и развој на нов производствен комплекс во Запрешиќ.
„Позитивните резултати се добра основа за претстојниот период, во кој продолжуваме со инвестиции како во постојните производствени капацитети, така и во новиот производствен комплекс во Запрешиќ. Со тоа создаваме предуслови за идниот раст и развој на компанијата“, изјави Томислав Багиќ, претседател на Управата на „Краш“.
Тој додаде дека компанијата ќе продолжи внимателно да ги следи пазарните околности и да ги приспособува деловните одлуки на актуелните услови.