
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Како HR да стане двигател на деловните резултати, а не само функционална поддршка? Одговорот на ова прашање ќе биде во фокусот на еднодневниот мастерклас за HR-професионалци, кој на 30 септември ќе се одржи во организација на „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore.
Обуката ќе ја води искусниот менаџер, консултант и обучувач Роко Водопија, кој зад себе има повеќе од 25 години искуство во управување, организациска трансформација и советување на компании низ Централна и Југоисточна Европа.
За разлика од традиционалните HR-обуки, овој мастерклас е наменет за HR-професионалци кои сакаат да излезат од рамките на административната и функционалната поддршка и да станат вистински деловни партнери на менаџментот. Преку практичен пристап, учесниците ќе стекнат подобро разбирање за тоа како функционира бизнисот, како се носат деловните одлуки и како HR може директно да придонесе за организациските резултати.
ЦЕЛ НА ОБУКАТА
Обуката има цел да им помогне на HR-професионалците да ја разберат перспективата на менаџментот и управните одбори, да ги поврзат HR-иницијативите со деловните приоритети и да развијат компетенции што ќе им овозможат да бидат релевантни партнери во креирањето и спроведувањето на организациските стратегии.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?
ШТО ЌЕ НАУЧАТ УЧЕСНИЦИТЕ?
Во текот на еднодневната програма ќе се обработуваат теми кои ретко се дел од класичните HR-обуки, меѓу кои:
Освен тоа, учесниците ќе научат како да поставуваат поквалитетни прашања кон менаџментот, да даваат аргументирани препораки, подобро да ги разбираат финансиските извештаи и да ја поврзат HR-стратегијата со деловните цели на организацијата.
КОТИЗАЦИИ
• 4 и повеќе лица од компанија – 219 евра по лице
• 3 лица од компанија – 229 евра по лице
• 2 лица од компанија – 239 евра по лице
• 1 лице – 249 евра
ДДВ не е вклучен во цената.
ПРИЈАВИ И КОНТАКТ
За пријавување и дополнителни информации:
Мери Каталиниќ
071 262 441
ЗА ПРЕДАВАЧОТ
Роко Водопија е менаџер, консултант и обучувач со повеќе од 25 години искуство во управување и советување на водечки компании во Централна и Југоисточна Европа. Работел на високи менаџерски позиции во компании како TDR, Dukat и Pliva, каде што водел маркетинг и продажба. Како консултант соработувал со Kearney, BDO и EY-Parthenon на проекти за стратегии, трансформации и аквизиции.
Неговата експертиза опфаќа управување со приходите и трошоците, организациски дизајн, реструктурирање и развој на компании, со посебен фокус на развој на тимови и оперативно подобрување. Меѓу неговите позначајни проекти се организациската трансформација на „Орбико“, унапредувањето на системот на „Орка груп“, како и консултантски ангажмани за бројни компании во регионот.