
Купувачите во 2026 година се многу попребирливи. Наместо да купат десет евтини работи што за еден месец ќе бидат заборавени во некоја фиока, сè повеќе луѓе бараат една, но вредна работа.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Се ближи крајот на годината, а со тоа и периодот кога ако се отворат социјалните мрежи или се погледнат излозите, рекламите напаѓаат од сите страни, попустите се „невидени“, а сите како по команда почнуваме да трчаме по подароци. Но, ако на момент застанеме и погледнеме околу себе, ќе забележиме една нова работа - луѓето како да се веќе уморни од целата таа филмска револуција.
Во светот на малопродажбата ова сè почесто го нарекуваат „тивко купување“. Името можеби звучи стручно, но суштината е сосема едноставна: на луѓето им е преку глава од хаос, агресивни кампањи и лажни попусти.
Зошто повеќе не паѓаме на истите финти?
Цените отидоа нагоре, дигиталниот простор ни е пренатрупан со информации, а животот стана доволно стресен за уште и пазарењето да ни биде дополнителна главоболка. Сите ги знаеме оние трикови: тајмери на веб-страниците што одбројуваат уште 5 минути до крајот на попустот или написи „уште само 2 парчиња на залиха“. Порано тоа можеби имаше ефект и нè тераше импулсивно да ја извадиме картичката. Денес? Денес тоа дури почнува да иритира.
Купувачите во 2026 година се многу попребирливи. Наместо да купат десет евтини работи што за еден месец ќе бидат заборавени во некоја фиока, сè повеќе луѓе бараат една, но вредна работа. Месеците до крајот на годината веќе нема да бидат месеци за трка, туку период кога луѓето на раат седнуваат и размислуваат каде навистина вреди да си ги дадат тешко заработените пари.
Довербата е единственото нешто што ќе ги врати купувачите кај вас и следниот декември.
Што значи ова за продавниците и брендовите?
За секој што продава нешто, од локален бутик до голема онлајн-продавница, ова е огромен сигнал дека нешто ќе се менува. Бизнис-моделот што се базираше само на создавање паника и брзо празнење на рафтовите полека дотрајува.
Ако сакате да опстанете и да имате успешен крај на годината, правилата се менуваат:
Новогодишните празници не се Judgement Day
Крајот на годината не мора секогаш да биде маратон во кој сите излегуваме преморени и со празни паричници, како да ќе нема утре. Оваа сезона е одлична шанса и за потрошувачите и за брендовите конечно да подзастанат.
На крајот на краиштата, најдобриот подарок што една продавница може да му го даде на својот купувач оваа есен/зима не е попуст од 70%, туку чувство на доверба и мир. А довербата е единственото нешто што ќе ги врати купувачите кај вас и следниот декември.