
Производството на безалкохолни пијалаци во Албанија во 2025 година се намали за 55%, откако годината претходно достигна 68,6 милиони литри.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Производството на безалкохолни пијалаци во Албанија забележа значаен пад во 2025 година, намалувајќи се за 55%, откако годината претходно достигна ниво од 68,6 милиони литри.
Според податоците на албанското Министерство за земјоделство, производството на безалкохолни пијалаци во 2024 година изнесуваше 68,6 милиони литри, што претставуваше раст од 4% во однос на претходната година.
Сепак, тоа закрепнување се покажа како краткотрајно, бидејќи во текот на 2025 година производството опадна за повеќе од половина.
Најголемите албански производители на безалкохолни пијалаци истакнуваат дека се соочуваат со значително повисоки трошоци за производство во споредба со конкурентите од соседните земји и од другите делови на Европа. Поради тоа, тешко им е ценовно да конкурираат на домашниот пазар, каде што се присутни сè повеќе увозни производи.
Слични предизвици постојат и во другите гранки на албанската преработувачка индустрија. Високите трошоци за суровини и производство, заедно со ограничените можности за остварување заштеди преку поголем обем на производство, дополнително ја отежнуваат конкуренцијата со поевтините производи од увоз.
Како што пренесува порталот ConnectingRegion.com, растечкиот увоз и неповолните трошковни услови се една од клучните причини за слабеењето на домашното производство и за губењето на конкурентноста на одделни сектори од албанската прехранбена индустрија.
Фото: Freepik