
Системот „Кока-Кола“ вложува 1,22 милиони долари во проект за поголема сигурност на водоснабдувањето и обнова на екосистемот во сливот на реката Свакоп во Намибија.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Додека Намибија се соочува со сè почести суши и растечка побарувачка за вода, водните ресурси на земјата се под сè поголем притисок. За да придонесе за решавањето на овој проблем, системот „Кока-Кола“ вложува 1,22 милиони долари во проектот Gam-i Swakop Basin Resilience, кој има за цел подобрување на сигурноста на водоснабдувањето и обнова на екосистемот во сливот на реката Свакоп, еден од клучните извори на вода за градот Виндхук и околните заедници.
Проектот е насочен кон подобрување на достапноста на водата и зајакнување на отпорноста на сливот на реката Свакоп преку примена на решенија засновани на природата, кои поддржуваат одржливо управување со водните ресурси во целото сливно подрачје.
Во соработка со организациите Global Water Challenge (GWC) и WWF Намибија, проектот опфаќа изградба на две брани за складирање вода во песочни наноси, обнова на 235 хектари земјиште преку отстранување на инвазивни растителни видови, како и садење на 750 стебла во заштитните зони покрај речните текови и на деградираните подрачја во неформалните населби на Виндхук. Покрај тоа, ќе бидат издупчени два бунара за дополнување на подземните води во аквиферот на Виндхук, а изработен е и акциски план за зајакнување на отпорноста на предизвиците во областа на водоснабдувањето.
Овие активности се дел од Африканската иницијатива за одговорно управување со водните ресурси (Africa Water Stewardship Initiative), која „Кока-Кола“ ја покрена во 2024 година. Програмата подразбира вложување од речиси 25 милиони долари насочено кон решавање на клучните предизвици поврзани со водата во 20 африкански земји до 2030 година.
„Бидејќи предизвиците поврзани со водата се пред сè локални, нашиот пристап кон безбедноста на водоснабдувањето се заснова на локални акции и соработка. Системот Кока-Кола останува посветен на промоцијата на одговорното управување со водните ресурси, на зголемувањето на ефикасноста на потрошувачката на вода, како и на прочистувањето и враќањето безбедна вода на заедниците“, изјави Алфред Олајиде, потпретседател за операции во Источна и Централна Африка во компанијата „Кока-Кола“.
„Како дел од групацијата Coca-Cola Beverages Africa, имаме одговорност да им помогнеме на заедниците што се соочуваат со недостиг на вода и да придонесеме за заштита на локалните водни ресурси таму каде што работиме, особено во подрачјата што се соочуваат со најголеми предизвици. Преку Africa Water Stewardship Initiative сакаме да придонесеме за заштита на важните сливови и за подобрување на пристапот до вода и санитарни услуги во локалните заедници“, додаде Хенри Фридрих, генерален директор на компанијата „Кока-Кола Намибија Ботлинг Компани“.
Фото: Pixabay