
„Маркс и Спенсер“ за првпат од 2017 година ги промовира модата, домот, убавината и храната преку единствена божиќна кампања – The Home of Christmas.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Маркс и Спенсер“ за првпат од 2017 година обединето ги промовира сегментите Мода, Дом, Убавина и Храна преку единствена божиќна кампања под наслов „The Home of Christmas“.
Главните улоги во кампањата ги толкуваат Џејмс Нортон како таен Дедо Мраз и Луси Панч како госпоѓа Клаус, а посебно појавување има и Кетрин Џенкинс, која за оваа прилика сними ексклузивна верзија на песната „Heaven Is a Place on Earth“.
Кампањата е создадена врз основа на истражување што „Маркс и Спенсер“ го спроведе меѓу своите купувачи, а кое покажува дека заедничкото поминување на празниците и понатаму е еден од најважните аспекти на Божиќ. Дури 81% од купувачите сакаат празниците да ги поминат со најблиските, додека 57% планираат што повеќе време да посветат на семејството и пријателите. Храната зазема централно место на празничните собири, при што 68% од испитаниците сметаат дека токму таа придонесува за посебната празнична атмосфера.
Освен промотивниот филм, интегрираната кампања ќе биде присутна на телевизија, стриминг-платформи, во кината, на надворешни рекламни површини, социјалните мрежи, радиото, дигиталните канали и во печатените медиуми, со поддршка од инфлуенсери, ПР-активности и преку сите комуникациски канали на „Маркс и Спенсер“.
„Божиќ го сочинуваат безброј моменти, традиции и ритуали што за секое семејство имаат посебно значење. Генерации наназад M&S има привилегија да биде дел од тие прослави, помагајќи им на купувачите да ги создадат празниците на свој начин. Од храната што се споделува на семејната трпеза до внимателно избраните детали што ги прават празниците незаборавни, горди сме што учествуваме во некои од најважните моменти на нашите купувачи. Овогодишната кампања го прикажува тоа на топол, неочекуван и шармантен начин, нагласувајќи го посебното место што M&S го има во празничните традиции на своите купувачи и потврдувајќи зошто со гордост го носиме називот The Home of Christmas“, порача Ендру Хикс, директор за маркетинг на секторот храна во „Маркс и Спенсер“.
Фото: „Маркс и Спенсер“