
Во услови на недостиг на кадар, дигитализацијата и инвестициите во нова технологија со напредни решенија, се повеќе од потребни. Каде и како е потребна дигитализација во малопродажбата?
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Секој малопродажен објект денеска ја има следната слика – доволен број каси за да се опслужат потрошувачите, но истовремено и недостиг на кадар за да бидат тие активни. За да останат задоволни муштериите, без чекање, без нервозно префрлање од нога на нога во редот, без тоа познато прашање: Извинете, работи ли касава?, решението е Seamless Retail – односно концепт на автономни продавници. Сметката за секунда пристигнува на вашиот телефон, точно до денар, додека вие веќе чекорите кон дома. Оние што патувале низ поголемите европски метрополи знаат дека ова веќе не е научна фантастика. Во Лондон, Амстердам или во Берлин форматите од типот на „Амазон фреш“ или автономните концепти на „Реве“ и „Теско“ се секојдневие. Со помош на паметни сензори, вештачка интелигенција и компјутерска визија, продавницата го препознава секој артикал што сте го зеле. Технологијата овозможува купувањето да стане невидлив, флуиден процес.
Прашањето е: кога овој нов бран конечно ќе пристигне и кај нас и зошто нашиот локален ритеил толку внимателно и бавно чекори по патот на капиталните иновации? Кај нас врвот на дигитализацијата и понатаму се самонаплатните каси, но тоа е систем кој, да бидеме искрени, повеќе го префрла товарот на скенирање и пакување врз купувачот отколку што навистина го модернизира и олеснува искуството.
За развој, имплементација на паметни технологии и за подобри услови на вработените, потребни се здрави капитални вложувања.
За ваквите состојби најчесто се оправдуваме со пазарната големина, високата цена на технологијата или навиките на домашните купувачи. Но, вистината е покомплексна. Модерниот европски ритеил одамна сфати една клучна работа: најскапиот ресурс на модерниот човек е неговото време. Продавниците веќе не се само места каде што се разменуваат пари за стока, тие се точки на корисничко искуство. Имаме пазар со извонредно висока пенетрација на паметни телефони и сè поголема прифатеност на дигиталните плаќања. Нашите луѓе се брзи, динамични и преоптоварени со секојдневието. Заштедата од 15 минути чекање во ред носи огромна реална вредност за секој купувач.
Време е да престанеме да бидеме само пасивни набљудувачи на европските трендови и конечно, преку заедничка визија на бизнисот и регулаторите, да ја донесеме иднината на купувањето на нашите улици. Но, за да се случи оваа револуција, потребна е и соодветна бизнис-клима. Напредокот бара инвестиции, а инвестициите бараат долгорочна предвидливост. Време е и јавните политики да го пренасочат фокусот од краткорочно микроменаџирање на маржите кон поттикнување на модернизацијата.
Кога креаторите на политиките го гледаат секторот исклучиво низ призмата на математички проценти, го забораваат фактот дека за развој, за имплементација на паметни технологии и за подобри услови на вработените, потребни се здрави капитални вложувања. Модерната малопродажба мора да добие простор да дише и да се развива за да може да инвестира во иднината.