
Од 1 декември годинава „Кола група“ ја презема дистрибуцијата на брендот Dijamant на македонскиот пазар. Соработката ќе ги опфати сите производи на брендот наменети за малопродажните канали.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Партнерството со Dijamant го гледаме како заедничка посветеност за понатамошно зајакнување на позицијата на брендот на македонскиот пазар. Довербата што ни ја укажува нашиот нов партнер за нас претставува голема одговорност, но и мотив за постојано унапредување, изјави Гоце Вангеловски, генерален директор на „Кола група“.
Во рамките на соработката, компанијата ќе го примени својот постоен дистрибутивен модел, потпирајќи се на развиената дистрибутивна мрежа, пазарните анализи и континуираното следење на продажните показатели. Активностите ќе бидат насочени кон остварување на договорените продажни и дистрибутивни цели, како и кон соодветно позиционирање и поголема видливост на производите на продажните места.
Нашата мисија е да го дистрибуираме најдоброто, до најдобрите, на најдобар начин. Веруваме дека со здружување на искуствата, знаењата и капацитетите ќе оствариме успешна соработка, која ќе придонесе за натамошен развој на Dijamant и долгорочни резултати на македонскиот пазар, истакнува Вангеловски.
Од „Кола група“ посочуваат дека брендот Dijamant одлично се вклопува во постојното портфолио на компанијата, а искуството во дистрибуцијата на прехранбени производи создава дополнителни можности за зајакнување на неговата пазарна позиција.