
Кога повеќе станува премногу? Кој ќе го задржи своето место на полицата?
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
На 29 октомври во хотелот „Александар палас“ во Скопје, во рамките на 12. FMCG Summit, ќе се одржи панел-дискусијата „Кога повеќе станува премногу?“, посветена на едно од клучните прашања за современата малопродажба и FMCG-индустријата: дали поголемиот избор на производи навистина носи поголема продажба и профит?
Во услови на постојано лансирање нови производи, ограничен простор на полиците и сè посилна конкуренција од приватните трговски марки, производителите и трговците се соочуваат со предизвикот како да го оптимизираат асортиманот и да создадат одржлива вредност. Кои иновации навистина заслужуваат место на полиците, кога проширувањето на понудата станува трошок и што ќе одлучува за идниот успех на брендовите?
На панел-дискусијата чиј модератор ќе биде уредничката на InStore, Алма Растодер, своите ставови и искуства ќе ги споделат: Јованка Трајкова, комерцијален директор во „Рептил“; Александар Божиновски, Head of Division во „Атлантик група“ и Катерина Теовска, маркетинг-директорка во „Пивара Скопје“.
Јованка Трајкова носи 17 години искуство во „Рептил“, каде што учествува во развојот на компанијата од четири продажни објекти до малопродажен синџир со 30 објекти. Како комерцијален директор, таа работи на управување со асортиманите, продажбата, профитабилноста и партнерствата со доставувачите, што ѝ дава директен увид во предизвиците со кои се соочуваат трговците при изборот и позиционирањето на производите.
Александар Божиновски од „Атлантик група“ има повеќе од 20 години професионално искуство во продажбата и развојот на бизнисот. Неговата работа опфаќа стратешко позиционирање на меѓународни и локални брендови, развој на партнерства и создавање услови за долгорочен комерцијален пораст. На панелот, неговата перспектива ќе биде особено релевантна за прашањето како брендовите можат да ја зачуваат својата пазарна позиција во услови на засилена конкуренција и ограничен простор на полиците.
Катерина Теовска, маркетинг-директорка во „Пивара Скопје“, има повеќе од 19 години искуство во работењето со глобални FMCG-брендови. Одговорна е за комерцијалната и бренд-стратегијата, иновациите и трејд-маркетингот, со фокус на одржлив пораст и стратешко управување со портфолиото. Нејзиното искуство со брендови како Coca-Cola, Heineken, Schweppes, Fanta, Sprite, Monster Energy и Скопско отвора значајна перспектива за тоа како се одлучува кои иновации имаат потенцијал да привлечат потрошувачи и да создадат долгорочна вредност.
📌 Резервирајте го вашето место на 12. FMCG Summit Скопје 2026 и бидете дел од дискусијата за тоа како паметниот избор на асортиман, релевантните иновации и ефективното управување со брендовите можат да создадат поголема вредност во FMCG-индустријата.
