
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Линдт & Шпрингли“ соопшти дека Адалберт Лехнер, извршен директор на групацијата, ќе ја напушти компанијата. Управниот одбор започна постапка за избор на негов наследник, а Дитер Вајскопф, потпретседател на Управниот одбор и поранешен извршен директор на групацијата, веднаш ќе ја преземе функцијата вршител на должноста извршен директор. Компанијата истовремено најави и промени во раководството во Германија и Австрија.
Како што се наведува во соопштението, Управниот одбор оценил дека на компанијата ѝ е потребно ново оперативно раководство за да се врати на патот на стабилен и силен раст и подобро да ги искористи можностите на сите пазари на кои работи.
„Управниот одбор е уверен дека оваа промена во раководството ќе го поттикне идниот раст. Нашите брендови и пазарни позиции се силни, а нашиот фокус останува на обезбедување врвни производи и искуства за потрошувачите, како и на профитабилен раст за нашите акционери“, изјави Ернст Танер, извршен претседател на Управниот одбор.
Тој истакна дека тековниот процес на селекција е насочен кон пронаоѓање на најквалификуваниот кандидат што ќе ја води компанијата во следната фаза на раст.
„Очекуваме новиот извршен директор да биде именуван во текот на вториот квартал од 2027 година. Особено сме задоволни што Дитер Вајскопф, кој успешно ја водеше „Линдт & Шпрингли“ како извршен директор до 2022 година и оттогаш е член на Управниот одбор, се согласи привремено да го преземе раководењето со компанијата, покрај својата функција потпретседател на одборот“, додаде Танер.
Дитер Вајскопф, кој ќе ја извршува функцијата привремен извршен директор, истакна дека добро ги познава компанијата, пазарот и вработените.
„Добро ја познавам „Линдт & Шпрингли“, пазарот и нашите вработени и сето тоа ми е многу блиско. Во следните месеци мојот фокус ќе биде враќањето на европското работење на патот на растот, со истовремено продолжување на силните резултати во Северна Америка и на пазарите во Азиско-пацифичкиот регион, како Австралија, Кина и Јапонија, каде што продолжуваме да го зголемуваме пазарниот удел“, изјави Вајскопф.
Тој најави значителни инвестиции во брендовите, паралелно со подобрување на профитабилноста.
„Мојата задача е на следниот извршен директор да му предадам компанија со обновен развоен замав“, додаде Вајскопф.
Танер, во име на Управниот одбор, му се заблагодари и на Адалберт Лехнер за неговиот придонес во текот на 33-годишната кариера во компанијата.
Промени во раководството во Германија и Австрија
„Линдт & Шпрингли“ истовремено најави и промени во менаџментот за Германија и Австрија.
Михал Шпилер, извршен директор за Германија, ќе ја напушти компанијата, а ќе го наследи Али Кулеин, кој моментално ја извршува функцијата извршен директор за Австрија. Неговото именување е предмет на формално одобрување од локалниот Надзорен одбор.
На позицијата извршен директор за Австрија ќе биде именуван Фабијан Рајнхард, кој моментално раководи со глобалната продажба на компанијата.
Двете промени стапуваат во сила на 26 октомври.
Управниот одбор му се заблагодари на Шпилер за неговиот придонес во текот на 23 години работа во групацијата „Линдт & Шпрингли“, истакнувајќи дека имал важна улога во растот на работењето на компанијата во Централна и Источна Европа, Австрија и Германија.