
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Арла Фудс“ соопшти дека планира во февруари 2027 година да го затвори погонот за увоз и пакување сирења „Фалбигденс Ост“ во Фалчепинг, Шведска, што ќе резултира со укинување на приближно 60 работни места, пренесува FoodBev.
Земјоделската задруга, која е во сопственост на фармерите, наведе дека одлуката е донесена по подолг период на предизвици со профитабилноста и намалена побарувачка за голем дел од асортиманот на специјални и десертни сирења што се обработуваат во овој погон.
За разлика од другите млекарски погони на „Арла“, „Фалбигденс Ост“ не произведува сопствено сирење ниту користи млеко што го испорачуваат фармерите членови на задругата „Арла“.
Погонот е специјализиран за увоз, складирање, обработка, порционирање и пакување сирења набавени од различни земји во светот.
Компанијата истакнува дека затворањето е дел од пошироката стратегија насочена кон концентрирање на ресурсите во шведското производство на млеко и зајакнување на прехранбената безбедност на Шведска.
„Ова е тешка вест како за нашите вработени, така и за локалната заедница во Фалчепинг. Имаме голема почит кон долгата историја на „Фалбигденс Ост“ и кон луѓето врз кои ќе влијае оваа одлука“, изјави Ана Шрајл, директорка за логистика и производство на „Арла“ во Шведска и Финска.
Таа нагласи дека компанијата, како земјоделска задруга во сопственост на фармерите, мора да ги користи своите ресурси таму каде што создаваат најголема долгорочна вредност за сопствениците.
„Затоа ги насочуваме нашите инвестиции и работењето кон области што придонесуваат за поголемо производство на шведско млеко и зајакнување на прехранбената безбедност на земјата“, додаде Шрајл.
Затворањето ќе ги опфати активностите за увоз и пакување во објектот на улицата Göteborgsvägen.
„Арла“ соопшти дека соработува со синдикатите за да им обезбеди поддршка на вработените, вклучувајќи можности за вработување во рамките на компанијата, но и надвор од неа.
Сепак, компанијата ќе го задржи погонот „Остхусет“ на улицата Energigatan, каде што се складираат и парафинираат тврди сирења произведени во Шведска.
На оваа локација ќе останат вработени приближно десет работници.
Како дел од реорганизацијата, „Арла“ ќе го прекине производството на десертни сирења што се продаваат под брендот Falbygdens, а производите ќе им бидат достапни на трговците до седмата недела од 2027 година.