
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Огнен Огненоски, основач и извршен директор на „Бизнис мрежа“, ќе биде говорник на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Огненоски ќе го одржи предавањето „FMCG X-RAY 2026 – Што откриваат податоците зад индустријата?“, во кое ќе го разгледа FMCG-секторот низ призма на финансиските, деловните и пазарните податоци, со примена на современи аналитички алатки и вештачка интелигенција.
Од големата слика до сигналите скриени во бројките, предавањето ќе ги открие трендовите, патерните и компаниите што го менуваат секторот. Фокусот нема да биде само на тоа каде се наоѓа FMCG-индустријата денес, туку и на тоа што податоците можат да ни кажат за она што следува.
За говорникот:
Огнен Огненоски е основач и извршен директор на „Бизнис мрежа“, платформа за деловна интелигенција и финансиски анализи во Македонија. Има повеќе од 12 години искуство во бонитетна аналитика и управување со податоци, а во текот на професионалниот пат изгради корпоративна база што денес ја користат повеќе од 1.500 компании и институции.
Како сериски претприемач и експерт за деловна интелигенција и економски анализи, Огненоски се занимава со развој на корпоративната транспарентност и примена на податоци во процесите на стратешко донесување одлуки.
