
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Just Eat го проширува пилот-проектот за автономна достава во соработка со компанијата „Старшип Технолоџис“ на подрачјето на Кембурн, во англиската област Кембриџшир. Со тоа повеќе од 12.000 жители ќе добијат пристап до достава преку роботи управувани со вештачка интелигенција, а „Морисонс“ е меѓу првите трговци со прехранбени производи што ја прифатија оваа технологија.
Од трговскиот синџир истакнуваат дека ги препознале потенцијалните предности на технологијата, вклучувајќи ги дополнителните капацитети за достава пред празничната сезона и за време на промотивните акции.
Роботите се приспособени за просечно купување во текот на работната недела и можат да превезат околу дванаесет производи.
Супермаркетот „Морисонс“ во Кембурн, кој сега е вклучен во проектот, е четвртата продавница на синџирот што користи автономна достава со роботи. Претходно, оваа услуга беше воведена во три продавници од форматот Morrisons Daily во Сандерленд и Милтон Кинс.
„Задоволство ни е што соработуваме со Just Eat и „Старшип Технолоџис“ во тестирањето на автономната роботска достава од нашиот супермаркет во Кембурн, додека продолжуваме да истражуваме иновативни начини за услужување на локалната заедница“, изјави Шарлот Ексел, директорка за е-трговија во „Морисонс“.
„Ова е првпат на ова подрачје да нудиме достава преку Just Eat, а на купувачите што нарачуваат преку апликацијата од продавницата во Кембурн, нарачките ќе им бидат доставувани исклучиво со роботи. Покрај Кембурн, проектот се спроведува и во три наши продавници Morrisons Daily“, додаде Ексел.
Купувачите во овие три продавници можат да нарачаат илјадници производи, од секојдневни намирници и свежи производи од понудата Market Street, до готови оброци и слатки, кои се доставуваат директно на посакуваната адреса со автономни роботи.
Компанијата неодамна овозможи и поврзување на картичката за лојалност Morrisons More Card со апликацијата Just Eat, со цел да им обезбеди дополнителни заштеди на корисниците низ Обединетото Кралство.