
Фудбалскиот клуб „Вест Хем јунајтед“ и „Брудог“ го претставија Boleyn Brew, едно од првите пива во клупскиот фудбал создадено со директно учество на навивачите.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Фудбалскиот клуб „Вест Хем јунајтед“ и неговиот официјален партнер за пиво, компанијата „Брудог“, ги здружија силите за да го претстават Boleyn Brew, едно од првите пива во клупскиот фудбал создадено со директно учество на навивачите.
Група навивачи што во текот на летото изразија интерес да учествуваат во проектот соработуваше со „Брудог“ во дефинирањето на вкусот, стилот на пивото, приказната и визуелниот идентитет на производот, за конечниот резултат да ги одразува карактерот, лојалноста и страста на навивачите на „Вест Хем“ ширум светот.
По првичните консултации со навивачите, меѓу неколкуте предложени имиња најголема поддршка доби токму Boleyn Brew. Името е омаж на богатата историја на клубот и на емотивната врска на навивачите со некогашниот стадион Болејн Граунд, кој за многу генерации поддржувачи има посебно значење.
Новото пиво е Oat Lager со 4,5% алкохол, со ноти на тропско овошје, цитруси и блага арома на леб, карактеристична за лагер стилот. Неговата рецептура е развиена врз основа на темите што навивачите ги истакнуваа во процесот на создавање – историјата, традицијата и автентичниот карактер на клубот.
„Во Брудог веруваме дека најдобрите пива настануваат заедно со луѓето што ги пијат. Boleyn Brew е токму таков производ – пиво што го обликуваа навивачите на Вест Хем, од првите разговори за вкусот до името на лименката. Тоа го отсликува сето она што го прави овој клуб посебен: традицијата, страста, верноста и единствената атмосфера на денот на натпреварот. Тоа е пример за партнерство насочено кон навивачите, на кое сме многу горди“, изјави Стјуарт Харисон, директор за продажба во „Брудог“.
„Горди сме на начинот на кој Брудог ги стави нашите навивачи во центарот на ова партнерство, а лансирањето на Boleyn Brew е најдобар доказ за нивната посветеност. Беше одлично да се види енергијата, ангажманот и страста што навивачите ги покажаа во создавањето на овој производ. Тоа е пиво на кое семејството на Вест Хем може да биде гордо. Се радуваме на продолжувањето на соработката со Брудог преку активности и производи што ги поврзуваат навивачите со клубот за време на натпреварите и во текот на целата сезона“, додаде Дејвид Чаплин, директор за комерцијална стратегија во „Вест Хем јунајтед“.
Лансирањето на Boleyn Brew е најновата во низата заеднички активности на „Брудог“ и „Вест Хем јунајтед“ во кои навивачите имаа централна улога. Минатата година беше претставено пивото Claret & Brew, кое беше распродадено за само неколку часа, а по повод почетокот на партнерството, во летото 2025 година, „Брудог“ донираше комплетни фудбалски опреми на аматерски клубови во источен Лондон и Есекс.
Соработката вклучуваше и бројни погодности за навивачите, меѓу кои бесплатни пива и посебни попусти за асортиманот пијалаци на „Брудог“.
Фото: „Брудог“