
Фабриката „Европа“, еден од најдолговечните производители во македонската кондиторска индустрија, во 2027 година ќе одбележи 145 години од основањето.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Од компанијата посочуваат дека продолжуваат да инвестираат во современа производствена опрема, развој на нови производи и унапредување на човечките ресурси. Паралелно, се проширува и малопродажната мрежа, која опфаќа продажни објекти во Скопје, Куманово, Штип, Струмица, Гевгелија и во Тетово. Најновиот објект е отворен во трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје.
Во текот на годинава, асортиманот е дополнет со неколку нови производи. Меѓу нив се Fruit Bar во два вкуса, како и новата линија темни чоколада Since 1882, со вкусови ф'стак и малина, малина и портокал. Понудата е проширена и со нови бонбониери од премиум линијата Limited Edition.
Со фабриката раководи генералната директорка Марина Симоноски, под чие раководство компанијата ќе продолжи со активностите за модернизација на производството и воведување нови производи.