
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Алди Зид“ (Aldi Süd) стекна малцински сопственички удел во компанијата „Дали Евридеј Гросери“ (Dali Everyday Grocery), еден од најбрзорастечките хард-дисконтери на Филипините, објави PLMA.
„Дали“ моментално управува со мрежа од повеќе од 1.300 продавници, а по реализацијата на трансакцијата ќе продолжи да работи под раководство на независен локален менаџмент.
Компанијата, основана во 2020 година, работи според модел на мали продавници со ограничен асортиман, фокусиран на производи за секојдневна потрошувачка.
Продавниците главно нудат потесен избор на прехранбени и непрехранбени производи, при што приватните трговски марки имаат значајна улога во асортиманот.
„Дали“ најголемиот дел од своето работење го реализира во густо населени станбени подрачја и користи едноставен формат на продавници, како и изложување на производите во транспортни пакувања, со цел оперативните трошоци да се одржуваат на ниско ниво.
Од „Алди Зид“ наведуваат дека инвестицијата ќе го поддржи понатамошното проширување на синџирот „Дали“ низ Филипините, додека локалниот менаџерски тим ќе ја задржи целосната оперативна одговорност за работењето.
Со оваа инвестиција, „Алди Зид“ дополнително го проширува своето меѓународно присуство и обезбедува позиција на филипинскиот малопродажен пазар, покрај постојното работење во Кина и на други меѓународни пазари.