
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Лидл Хрватска“ донираше 40.000 евра на Хрватскиот училиштен спортски сојуз (ХШСС) за набавка на спортска опрема за училиштата вклучени во програмата „Аеробик со тато, пенали со мама!“. Донацијата беше врачена на 10 октомври во Основното училиште „Малешница“ во Загреб, во рамките на одбележувањето на 20 години од работењето на „Лидл“ во Хрватска.
Средствата ќе бидат наменети за набавка на спортска опрема за сите училишта што учествуваат во програмата, чија цел е да ги поттикне децата и родителите на заедничка физичка активност и усвојување здрави животни навики.
Донаторскиот чек беше врачен за време на спортско дружење во Основното училиште „Малешница“, каде што децата и родителите, под водство на наставничка по физичко и здравствено образование, учествуваа во различни спортски активности.
„Лидл“ за учесниците организираше и Fresh bar со смути-пијалаци.
„Дваесет години на „Лидл“ во Хрватска за нас претставуваат важен јубилеј, но и можност да ѝ се заблагодариме на заедницата која е дел од нашиот успех. Веруваме дека здравите животни навики се стекнуваат уште од најрана возраст, а родителите имаат важна улога во нивното усвојување“, изјави Марина Дијаковиќ, директорка на секторот за корпоративни работи на „Лидл Хрватска“ и „Лидл Словенија“.
Таа истакна дека компанијата е особено задоволна што во рамките на одбележувањето на годишнината поддржува програма која преку спорт ги поврзува децата и родителите и покажува колку физичката активност може да биде забавна.
„Со оваа донација сакаме да придонесеме за поактивно растење на децата низ Хрватска“, додаде Дијаковиќ.
Програмата „Аеробик со тато, пенали со мама!“ ја спроведува Хрватскиот училиштен спортски сојуз, со цел вклучување на децата и нивните родители во заеднички спортски активности.
Соработката меѓу „Лидл Хрватска“ и Хрватскиот училиштен спортски сојуз започна во 2024 година и е насочена кон промоција на физичката активност, урамнотежената исхрана и здравите животни навики кај децата и младите.
Во досегашната соработка, „Лидл“ учествувал на завршните натпревари од државните училишни спортски првенства, додека во 2025 година донирал 20.000 евра за програмата „Инклузија во училишниот спорт“, наменета за вклучување деца со пречки во развојот во спортски активности.
Со овогодишната донација од 40.000 евра, компанијата продолжува финансиски да ги поддржува програмите за училишен спорт, со посебен акцент на активностите што ги поврзуваат децата и родителите.