
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Марио Косиќ е именуван за нов претседател на Управата на компанијата „Житопроизвод“ од Карловац, која работи во рамките на групацијата „Млинотест“.
Косиќ, досегашен директор за продажба во компанијата, го презема раководењето во годината кога „Житопроизвод“ одбележува 80 години работење, а како главни приоритети ги истакнува растот на продажбата и приходите, како и модернизацијата и автоматизацијата на производствените погони.
На новата позиција доаѓа со повеќе од 20 години искуство во продажбата во прехранбената индустрија, стекнато преку работењето во компаниите „Виндија“, „Дукат“ и „Мегле“.
На „Житопроизвод“ му се приклучил на почетокот на 2026 година како директор за продажба.
„Раководењето со „Житопроизвод“ го преземам во годината на неговиот 80-годишен јубилеј, што пред сè го доживувам како чест и обврска. Осумдесет години континуитет се темелот врз кој сега ги поставуваме амбициите за следните децении. Приоритетите се јасни: раст на продажбата и приходите, како и модернизација и автоматизација на производството“, изјави Марио Косиќ.
Тој нагласи и дека е свесен за значењето на компанијата за локалната заедница.
„Како жител на Карловац, многу добро знам колку оваа компанија е важна за градот, економијата на регионот, граѓаните и нашите вредни и лојални вработени“, додаде Косиќ.
Да потсетиме, „Житопроизвод“ во последните пет години инвестирал повеќе од четири милиони евра во развојот на своето работење.
Меѓу позначајните инвестиции се издвојува новата производствена линија за свежи тестенини, со која производствениот капацитет е зголемен четирикратно, како и изградбата на соларна електрана со моќност од 160 kW.
Следната фаза на инвестиции ќе опфати модернизација и автоматизација на сите три производствени погони на компанијата, со цел зголемување на производствената ефикасност и флексибилност, како и приспособување кон барањата на трговските синџири и потрошувачите.