
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Нето-продажбата на мексиканската групација „Бимбо“ порасна за 3,6% во третиот квартал, без влијанието на курсните разлики, благодарение на органскиот раст поттикнат од поволниот однос меѓу цените и продажниот микс, зголемените продадени количини и придонесот на неодамнешните аквизиции.
Бруто-добивката во третиот квартал порасна за 5% на валутно неутрална основа, додека бруто-маржата се зголеми за 80 базични поени, на 53,1%.
Приспособената EBITDA порасна за 9,3%, додека EBITDA-маржата се зголеми за 100 базични поени, на 15,7%.
Северна Америка забележа трет последователен квартал на раст на нето-продажбата. Во Мексико нето-продажбата се зголеми за 5,2%, додека регионот ЕАА оствари раст од 2,1%.
„Нашите резултати во третиот квартал ја одразуваат силата на нашите брендови и доследното спроведување на стратегијата од страна на нашите тимови низ целата организација. Продолживме да остваруваме профитабилен раст, поттикнат од силната поврзаност со потрошувачите, значителниот напредок во трансформацијата на работењето во Северна Америка и одличниот моментум на мексиканскиот пазар“, изјави Алехандро Родригез Бас, извршен директор на групацијата „Бимбо“.
„Во последните месеци од годината влегуваме со доверба во нашата стратегија, нашите тимови и нашата способност долгорочно да создаваме вредност за акционерите“, додаде тој.