
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Хрватскиот трговски синџир „Конзум“ ја претстави Кети, асистентка за купување базирана на вештачка интелигенција, достапна преку апликацијата WhatsApp. Станува збор за една од првите вакви услуги во хрватската малопродажба.
Дигиталната услуга е развиена во соработка со компаниите „МултиПлусКард“ и „мСтарт“, членки на групацијата „Фортенова“, со цел да се унапреди корисничкото искуство пред, за време и по купувањето.
Корисниците преку WhatsApp можат да побараат препораки за рецепти, да состават список за купување, да ја проверат достапноста на производите, да најдат информации за продавниците, како и да добијат предлози за производи и актуелни промотивни понуди.
„Конзум низ годините често беше меѓу првите што воведуваа новитети за подобрување на искуството при купување, од програми за лојалност и дигитални услуги до развој на онлајн купувањето и нови облици на комуникација со купувачите. Улогата на водечки трговец не е само да ги следи промените, туку и да ги препознава и да ги претвора во конкретна корист за купувачите“, изјави Зоран Митрески, претседател на Управата на „Конзум“.
Тој нагласи дека технологијата не е цел сама по себе, туку алатка преку која компанијата може да биде уште подостапна, покорисна и поблиска до купувачите кои секојдневно ѝ ја укажуваат својата доверба.
„Токму Кети е најновиот пример за таквиот пристап“, додаде Митрески.
Поврзување со програмата за лојалност MultiPlus
Една од функционалностите на новата AI асистентка е можноста за поврзување со корисничката сметка на програмата за лојалност MultiPlus.
По поврзувањето, купувачите можат да ги прегледуваат своите купони, состојбата на BONUS еврата и активните предизвици, како и да пристапуваат до поволности приспособени на нивните навики за купување.
На овој начин „Конзум“ настојува да ги прошири можностите за персонализација, поврзувајќи ги информациите за производите, препораките и поволностите од програмата за лојалност во рамките на една комуникациска услуга.
„Купувачите денес очекуваат одговори веднаш, преку каналите што веќе ги користат и на начин што им е природен. Развивајќи ја Кети, сакавме да создадеме искуство што ги следи овие промени и ја претвора персонализацијата од еднонасочна комуникација во вистински дијалог со купувачот“, изјави Миа Крофлин, директорка на Секторот за маркетинг во „Конзум“.
Од компанијата истакнуваат дека развојот на Кети е дел од пошироката стратегија за дигитална трансформација на работењето, со посебен акцент на транспарентното и одговорно користење на податоците.
На корисниците им е овозможена контрола врз поврзувањето на нивните сметки и поставките за персонализација.
Наградна игра со главна награда од 5.000 BONUS евра
По повод претставувањето на новата услуга, „Конзум“ организираше и наградна игра која трае од 11 ноември до 1 декември.
За учество, потребно е купувачите да започнат разговор со Кети преку WhatsApp, да ја поврзат својата MultiPlus сметка и да го потврдат учеството во наградната игра.
По пријавувањето, секое купување реализирано со MultiPlus картичката носи дополнителна можност за освојување награди.
Главната награда изнесува 5.000 BONUS евра, а купувачите можат да освојат и една од десетте неделни награди во вредност од по 100 BONUS евра.