
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Надворешната трговија на Северна Македонија продолжува да расте и во првата половина од 2026 година. Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната стоковна размена достигнала повеќе од 10,5 милијарди евра, што претставува пораст од 7,8% во однос на истиот период лани.
Во периодот јануари – јуни, извозот е зголемен за 8%, а увозот за 7,7%, при што покриеноста на увозот со извоз изнесува 71,3%.
Од аспект на FMCG-секторот, најголем раст на извозот е забележан кај пијалаците и тутунот, кој изнесува 3,4%, додека извозот на храна е зголемен за 0,9%. Највисок раст на извозот, пак, е регистриран кај минералните горива, мазивата и сродните производи (+43,5%), потоа кај животинските и растителните масла, мастите и восоците (+33%), како и кај хемиските и сродните производи (+21,1%).
Истовремено, кај увозот е регистриран пад од 0,8% кај храната и живите животни, додека кај сите останати групи производи е забележан раст.
Најзначајни трговски партнери на земјава и натаму се Германија, Велика Британија и Грција, пред Кина, Србија, Бугарија и Турција. Трговската размена со Германија достигнала 2,1 милијарда евра, при што околу 75%.