
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Околу 40 учесници беа дел од бесплатната едукативна обука што dm drogerie markt, во соработка со Здружението на граѓани за промоција и поддршка на здравјето „Матрона“, ја организираше вчера (21 октомври) во хотел „Оаза“ во Штип. Настанот се одржа во рамки на иницијативата „Караванот на мајчинството“, со цел на идните и новите родители да им овозможи пристап до стручни информации и практични совети за бременоста, грижата за новороденчето и правилниот развој на бебето.
Под насловот „Од бременоста до првите чекори: практични совети за мајката и правилен развој на бебето“, обуката опфати теми поврзани со подготовката за доаѓањето на новиот член во семејството, грижата за мајката и новороденчето, како и важните аспекти од најраниот развој на детето. Присутните имаа можност да слушнат стручни препораки и да добијат корисни насоки за прашањата што често се појавуваат во првите месеци од родителството.
За грижата за мајката и новороденчето говореше прим. д-р Марина Поп Лазарова, неонатолог, додека прим. д-р Иванка Стефановска, ортопед, го насочи вниманието кон правилниот развој на бебето. Преку своите предавања, двете докторки им доближија на учесниците важни информации за најраниот период од животот на детето, кога стручните совети и навремената информираност имаат особено значење.
Како дополнително внимание, сите 40 учесници добија подарок-торби со производи од dm марката babylove, како и ваучери за 15% попуст при купување babylove производи во dm продавниците. На тој начин, едукативната средба беше дополнета со практични подароци наменети за секојдневната грижа за најмалите.
„Караванот на мајчинството“ е заедничка иницијатива на dm drogerie markt и здружението „Матрона“, која втора година по ред создава простор за едукација и поддршка на идните и новите родители. Преку онлајн обуки и едукативни средби со физичко присуство во различни градови низ земјата, иницијативата опфаќа теми поврзани со бременоста, мајчинството и детскиот развој, со цел стручните информации и практичните совети да бидат подостапни за што поголем број семејства.
Со одржаната обука во Штип, dm и „Матрона“ продолжуваат да ја развиваат иницијативата што ги поврзува родителите со стручните лица и ја нагласува важноста на информираноста, превенцијата и поддршката во најраните фази од родителството.
Секој нов чекор во родителството носи нови прашања, а „Караванот на мајчинството“ продолжува да создава можности одговорите да бидат поблиску до родителите.