
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Нестле Индија“ забележа силен раст на обемот на продажбата во сите категории производи во вториот квартал од финансиската 2026/27 година, благодарение на иновациите и континуираните инвестиции, пренесува ESM Magazine.
Вкупната продажба достигнала 6.782,2 милиони индиски рупии (638,01 милиони евра), што претставува раст од 20,5%, додека EBITDA-маржата останала на 23,8%.
Нето-добивката по оданочување пораснала за 36,3%, на 1.026,8 милиони индиски рупии (96,59 милиони евра).
„Задоволство ми е да споделам дека во текот на кварталот продолжи силниот и широко распространет раст во сите групи производи. Продолживме да се фокусираме на ефикасноста во сите сегменти од работењето, со значително зголемување на инвестициите во нашите брендови, при што трошоците за рекламирање и маркетинг пораснаа за 46%“, изјави Маниш Тивари, претседател и генерален директор на „Нестле Индија“.
Работењето во сегментот на кондиторски производи забележало двоцифрен раст на обемот на продажбата, благодарение на зголемувањето на пазарниот удел на брендот KitKat.
„Нестле Индија“ пријави раст и во сегментот на прашкасти и течни пијалаци, поддржан од пристапните цени и зголемената застапеност на производите во домаќинствата.
Компанијата го истакна продолжувањето на стратегијата за премиумизација на своето портфолио производи од кафе, преку инвестиции во Nescafé и зголемување на пазарната пенетрација на категоријата.
Nespresso, исто така, остварил силен раст благодарение на премиум стратегијата и зголемената побарувачка на потрошувачите за ладно кафе.
Компанијата пријави позитивни резултати и во сегментот на готови јадења и додатоци за готвење, продолжувајќи да се фокусира на проширување на присуството на брендот Maggi во руралните подрачја.
Инвестициите во сегментот на млечни производи и нутритивни решенија, исто така, го поддржале растот, додека континуираниот фокус на храната за мачки и иновациите придонеле за двоцифрен раст во сегментот на храна за домашни миленици.
„Нестле Индија“ забележала и двоцифрен раст на работењето на Nestlé Professional, поттикнат од премиум понудата и стратегијата насочена кон потребите на купувачите.
Компанијата очекува цените на кафето и пченицата да останат релативно стабилни, додека кај какаото и понатаму се очекуваат ценовни осцилации поради загриженоста за временските услови што влијаат врз приносите.
Цените на шеќерот и маслата за јадење се стабилизирале, додека цените на млекото пораснале, но се очекува нивниот раст да се ублажи во наредниот период.