
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Проф. д-р Андреј Визјак, словенечки економист, експерт за меѓународна стратегија и основач и CEO на AV.Consulting, ќе биде Keynote Speaker на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Визјак е искусен консултант за менаџмент и бизнис-лидер со долгогодишно искуство во менаџмент консалтингот, FMCG-секторот и стратешкиот менаџмент. На 12. FMCG Summit Скопје ќе одржи Keynote предавање на тема „Вештачка интелигенција: Од фама до вистинско влијание – 4 клучни аспекти за малопродажбата и стоката за широка потрошувачка (FMCG)“.
Во своето предавање, Визјак ќе се осврне на влијанието на вештачката интелигенција (ВИ) врз малопродажбата и FMCG-секторот. Ќе зборува за преминот од актуелниот „AI hype“ кон реалното деловно влијание, како и за тоа што значи развојот на вештачката интелигенција за деловните модели и корпоративната конкурентност.
Посебен фокус ќе биде ставен на практичните импликации на ВИ за компаниите во малопродажбата и FMCG-секторот – од стратешките одлуки и иновациите, до трансформацијата на начинот на кој компаниите создаваат вредност и се натпреваруваат на пазарот.
Учесниците ќе имаат можност да добијат увид во тоа како ВИ се движи од технолошки тренд кон фактор што сè повеќе ги менува бизнисите, како и во клучните прашања што компаниите треба да ги разгледаат при нејзината примена.
За говорникот:
Проф. д-р Андреј Визјак е словенечки економист, професор, консултант и бизнис-лидер со долгогодишно меѓународно искуство во менаџмент консалтингот, стратешкиот менаџмент и FMCG-секторот. Во текот на кариерата извршувал високи раководни позиции во компании како Kearney и PwC, како и во Mercator, Conrad Electronic и Bertelsmann/RTL Television. Денес ја води AV.Consulting со седиште во Дубаи.
Неговата експертиза опфаќа реструктурирање, иновации, дигитална трансформација и развој на деловни стратегии, а во текот на кариерата советувал голем број корпорации и меѓународни институции, меѓу кои и Светската банка.
Како редовен професор по деловна администрација на Универзитетот во Ајхштет-Инголштат во Германија, Визјак предава за стратегии на семејните бизниси и менаџмент на промени. Автор е на бројни книги објавени на повеќе јазици, а има развиено и теории во областа на вештачката интелигенција и нишните стратегии.
Посебен фокус во неговата понова работа е вештачката интелигенција и нејзиното влијание врз бизнисот. Во октомври 2025 година, Визјак стана првиот Словенец кој одржа главен говор на состанокот на Групата „Пријатели на новите пристапи кон економските предизвици“ (NAEC) при ОЕЦД во Париз. На настанот, на кој беше поканет од генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман, Визјак ја претстави и својата книга „Вештачка интелигенција: Од фама до влијание“, во која се осврнува на влијанието на вештачката интелигенција врз деловните модели и корпоративната конкурентност.
Визјак е добитник и на наградата PwC Advisory Challenge, глобален натпревар за највлијателен консултантски концепт.
📌 Резервирајте го вашето место навреме и обезбедете го вашето учество на FMCG Summit Скопје 2026.
