
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„ВПП“ објави дека „Нестле“ го избра за осмислување и управување со нов интегриран модел за управување со содржини за сите брендови на компанијата во Голема Кина.
Како што истакнуваат од агенцијата, новата оперативна поставеност ги интегрира социјалните мрежи, содржините, KOL, трговијата, медиумите и продукциските капацитети преку робустен „spoke-and-hub“ модел заснован на вештачка интелигенција. Целта е развој на десетици илјади материјали за кампањи и содржини приспособени на поединечните платформи за сите брендови на „Нестле“ во Голема Кина.
„ВПП“ тесно ќе соработува со постојните креативни агенции и медиумски партнери на „Нестле“ за да обезбеди усогласеност на брендот и пораките во целиот маркетинг-екосистем, а истовремено да ја поттикне продажната конверзија на клучните платформи.
Оваа иницијатива претставува прв целосно интегриран end-to-end модел за управување со содржини на „Нестле“ на глобално ниво. Основата на ова иновативно решение е WPP Open, напредната agentic marketing платформа на „ВПП“, приспособена на специфичното кинеско дигитално, медиумско, социјално и трговско опкружување. Платформата ги поврзува експертите, технологијата и работните процеси засновани на вештачка интелигенција на „ВПП“ за да овозможи едноставна соработка и креативна извонредност.
Потпирајќи се на Operations and Delivery Hub на „ВПП“ во Вуси, во провинцијата Џангсу, како централен оперативен центар, компанијата ќе управува со креирањето содржини и продукцијата од голем обем за познати брендови како Nescafé и Purina, како и за линиите на „Нестле“ за храна, исхрана и кондиторски производи. Моделот е осмислен да овозможи производство и пласирање повеќе од 35.000 содржини годишно.
„Управувањето со спојот на вештачката интелигенција, големиот обем и персонализацијата е од клучно значење за создавање привлечно искуство со брендот за нашите потрошувачи, со брзината што ја бара кинескиот пазар. Ова претставува ново поглавје во нашето партнерство со „ВПП“ и можност заедно да ја обликуваме иднината на управувањето со содржини. Заедно поставуваме нови стандарди кои ќе ги подготват нашите капацитети за градење брендови за иднината и ќе го поддржат нашиот понатамошен успех во овој динамичен регион“, изјави Ален Цаи, директор за маркетинг на „Нестле Голема Кина“.
„Брендовите на „Нестле“ се дел од секојдневниот живот на милиони потрошувачи, а поддршката на портфолио од таков обем бара целосно нов начин на работа. Со комбинирање на нашите тимови за социјални мрежи, креативни активности, продукција и медиуми со напредна AI технологија и централизиран продукциски центар, сега можеме да испорачуваме содржини во обем и со брзина кои претходно едноставно не беа можни.
Исто така, веруваме дека во свет во кој има изобилство од содржини е уште поважно да се развиваат значајни врски со потрошувачите, да се градат брендови со истовремено остварување резултати и да се издвојуваме од мноштвото. Со „Нестле“ делиме јасна визија за тоа како овој интегриран модел ќе создаде вистинска деловна вредност, а истовремено ќе овозможи поврзување со потрошувачите на уште поинтересни начини“, додаде Крис Рајтерман, извршен директор на „ВПП Голема Кина“.