
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Ben & Jerry’s ја лансираше „Ice Dreams“, ограничена серија производи која познатиот ритуал на вртење на перничето на поладната страна го претвора во навлаки за перници наменети за чување во замрзнувач, пишува Famous Campaigns.
Спакувани во специјално дизајнирани кутии за сладолед, навлаките на неочекуван начин ја прошируваат поврзаноста на брендот со сè што е ладно.
Трите навлаки за перници од 100% памук се дизајнирани според вкусовите Cookie Dough, Phish Food и Half Baked и се наменети за чување во замрзнувач пред спиење.
Кампањата, креирана од агенцијата „Панголин“, ја претвора секојдневната навика на потрошувачите во производ кој е препознатливо поврзан со брендот Ben & Jerry’s.
Времето на лансирање ѝ дава на кампањата и дополнителна културна релевантност. Пребарувањата за „ладење на главата“ наводно се зголемиле за 70% овој месец, додека клиничката психолошка и експертка за бихевиорална медицина на спиењето, д-р Зои Готс, наведува дека ладењето на главата и вратот може да помогне во создавањето термални услови поврзани со спиењето.
„Со децении ја усовршувавме уметноста на совршената топка сладолед, но сфативме дека за врвно искуство доцна навечер е потребен двоен пристап кон ладењето“, изјави Серен Вилсон, директорка за дигитални активности во „Бен & Џерис Велика Британија“.
Брендот организираше и наградна игра во која потрошувачите имаа можност да освојат пар навлаки за перници, додека десет добитници освоија и едногодишна залиха сладолед Ben & Jerry’s.