
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Европскиот експерт за малопродажба и FMCG, Реј Гаул, CEO на Retail Cities и поранешен Senior Vice President, Retail Insights во „Кантар“, ќе биде говорник на 12. FMCG Summit Скопје, кој ќе се одржи на 29 октомври во хотелот „Александар палас“, во организација на магазинот InStore и агенцијата „Кликер маркетинг“.
Гаул на самитот ќе зборува на тема „Новите правила на малопродажбата во Европа – кој денес победува во малопродажбата и зошто?“, во кое ќе се осврне на промените што го обликуваат европскиот малопродажен пазар и на факторите што ги издвојуваат успешните трговци.
Во фокусот на предавањето ќе биде прашањето што денес ги разликува водечките трговци од остатокот од пазарот. Гаул ќе анализира како компаниите градат пораст преку јасно дефинирани малопродажни формати, оперативна ефикасност и силна поврзаност со купувачите.
Посебен акцент ќе биде ставен на одлуките што ги носат компаниите кои успеваат да растат и покрај ценовните притисоци и промените во однесувањето на потрошувачите. Ќе бидат разгледани конкретни модели на управување и концепти на продавници што носат резултати, како и пристапи што можат да се применат на пазарот во регионот.
Учесниците ќе имаат можност да добијат увид во актуелните европски малопродажни трендови, како и практични насоки за тоа како трговците и FMCG-компаниите можат да се подготват за идниот развој на секторот.
За говорникот:
Реј Гаул е CEO на Retail Cities, платформа што се занимава со глобалните промени и трендови во малопродажбата. Претходно бил Senior Vice President, Retail Insights во глобалната компанија за истражување на пазарот „Кантар“, со седиште во Лондон.
Во работата со клиентите, Гаул се фокусира на промените во малопродажбата на глобално ниво, со посебен интерес за европскиот пазар. Меѓу темите што ги анализира се порастот и експанзијата на дисконтерите, развојот на трговските алијанси, како и спојувањата и преземањата во малопродажниот сектор.
Како експерт и предавач, Гаул учествува на реномирани трговски и FMCG-конференции низ целиот свет, меѓу кои PLMA, The Consumer Goods Forum, The Grocer, ILEC, A.I.M, Retail Week, What’s Going on in Retailing и POI Summit.
📌 Резервирајте го вашето место навреме и обезбедете го вашето учество на FMCG Summit Скопје 2026.