
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Млекара Уб“ соопшти дека dr Milk Kajmako од 250 грама пристигнува во продавниците на „Лидл“, како прв производ од брендот dr Milk достапен во овој малопродажен синџир.
Со висока содржина на млечна маст од 70%, кремаста текстура која лесно се мачка и полн, богат млечен вкус, Kajmako е производ кој ги спојува автентичниот домашен вкус и високиот квалитет. Производот е без конзерванси и стабилизатори, што дополнително ја потврдува определбата на брендот кон квалитетот, а неговото вклучување во понудата воедно означува и нова фаза во соработката меѓу „Млекара Уб“ и „Лидл Србија“, се наведува во соопштението на компанијата.
Како што истакнуваат од „Млекара Уб“, зад новиот производ на полиците стои партнерство кое се градело со години, преку производството на производите Pilos и континуираниот откуп на значителни количества домашно млеко.
Со проширувањето на соработката и на брендот dr Milk, долгогодишното производствено партнерство добива нова димензија. Преку оваа соработка „Лидл“ му дава поддршка на домашниот производител и на развојот на домашното млекарство, додека брендот dr Milk добива дополнителен простор за раст и поголема достапност до потрошувачите.
„Влегувањето на dr Milk Kajmako на полиците на „Лидл“ за нас претставува многу повеќе од вклучување нов производ во понудата. Тоа е природно продолжение на соработката која со години ја градиме врз доверба, квалитет и сигурност. Преку постојното партнерство покажавме дека домашното производство на млечни производи може стабилно да одговори на високите стандарди на современиот малопродажен пазар, а сега тој квалитет им го претставуваме на потрошувачите и под брендот dr Milk. Особено ни е важно што ваквата соработка создава простор за понатамошен развој на домашното млекарство, од нашите кооперанти и квалитетот на суровината до готовиот производ на полиците“, изјави Милош Андан, генерален директор на „Млекара Уб“.
Развојот на домашното млекарство е еден од важните темели на работењето на „Млекара Уб“, која континуирано соработува со 800 кооперанти од Србија и годишно откупува повеќе од 75 милиони литри млеко.
Преку долгорочна соработка, континуирана едукација на фармерите за унапредување на процесите, како што е исхраната на животните, како и преку стабилно производство, компанијата гради сигурна домашна суровинска база и обезбедува врвен квалитет на производите за потрошувачите низ Србија, посочуваат од компанијата.