
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Алди“ започна со работа со овошје и зеленчук во својот дистрибутивен центар во Бардон, Лестершир, со што најголемиот автоматизиран магацин во Велика Британија влегува во следната фаза од работењето.
Првите палети со производи, вклучувајќи ѓумбир и авокадо, биле испорачани на локацијата во средата, на 16 септември, додека првата палета била испратена следниот ден.
Почетокот на работата со свежи производи следува по стартувањето на операциите во Бардон во мај 2026 година. Најголемиот дисконтен синџир во Велика Британија инвестираше повеќе од 500 милиони фунти во оваа локација, која е дел од инвестицијата на „Алди“ од 1,6 милијарди фунти во Велика Британија во текот на 2026 и 2027 година. Објектот воедно е магацин со најнизок јаглероден интензитет во рамките на „Алди Зид група“, со 19.000 соларни панели поставени на покривот.
Кога ќе стане целосно оперативен во текот на 2027 година, во периодите со најголем обем низ објектот со површина од 1,3 милиони квадратни стапки секојдневно ќе поминуваат повеќе од 1,5 милиони килограми овошје и зеленчук. Повеќе од 6.000 палети свежи производи секој ден ќе го напуштаат дистрибутивниот центар во Бардон и ќе се испорачуваат до продавниците на „Алди“ низ Велика Британија.
Најновата автоматизирана технологија што се користи на оваа локација, обезбедена од технолошкиот партнер „Симкорп“, ќе му помогне на „Алди“ поефикасно да управува со протокот на свежи производи, притоа одржувајќи ги различните температури потребни за зачувување на свежината и рокот на траење на производите како салати, банани и меко овошје.
Инвестицијата ќе ги зголеми капацитетите на дистрибутивната мрежа на „Алди“, додека синџирот работи на остварување на долгорочната амбиција да управува со 1.500 продавници во Велика Британија. Кога ќе стане целосно оперативна, локацијата ќе вработува околу 1.000 луѓе и ќе има капацитет за обработка на речиси седум милиони палети годишно.
Операциите со свежи производи во Бардон опфаќаат три посебни зони со контролирана температура, вклучувајќи разладен простор за производи како јаболка и моркови, како и специјализирана просторија за банани. Во разладната комора палетите се сместуваат на високи магацински регали сè додека не бидат потребни за испорака до продавниците, по што автоматизираните shuttle системи ќе ги преземаат и ќе ги подготвуваат за испорака.
Како трет најголем трговец со свежи производи во Велика Британија, „Алди“ годишно во просек продава 2,2 милијарди парчиња овошје и зеленчук, вклучувајќи повеќе од 300 милиони банани, 80 милиони јаболка и 160 милиони компири. Само во јули 2026 година „Алди“ продал 2.250 тони британски јаболка, со што станал најголем купувач од домашните производители на јаболка. Трговецот има и цел до крајот на 2027 година да го зголеми бројот на продадени порции овошје и зеленчук за 14%.
„Почетокот на работата со свежи производи во Бардон претставува момент на гордост за сите вклучени во овој проект и означува значајна промена во начинот на кој ги услужуваме нашите купувачи. Свежите производи претставуваат важен дел од купувањето на нашите потрошувачи, но истовремено се и еден од најсложените предизвици во логистиката на прехранбените производи, бидејќи стоката мора брзо и ефикасно да се движи од снабдувачите до продавниците за да се зачува свежината.
Технологијата што ја имплементиравме со „Симкорп“ ни овозможува да управуваме со огромни количества, притоа задржувајќи ги прецизноста и вниманието што ги бараат свежите производи. Оваа инвестиција не се однесува само на ефикасноста. Со намалување на трошоците за транспорт на производите од нашите снабдувачи до продавниците можеме да продолжиме да ги нудиме најниските цени на пазарот, а истовремено да обезбедиме купувачите на нашите полици секогаш да најдат свежо и висококвалитетно овошје и зеленчук. Како што работењето ќе се проширува во текот на следните недели, Бардон ќе има сè позначајна улога во синџирот на снабдување на „Алди“, поддржувајќи го нашиот понатамошен раст низ Велика Британија“, изјави Џонатан Хитон, регионален генерален директор за Бардон во „Алди Велика Британија“.