
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Спорот меѓу најголемиот германски трговец со прехранбени производи „Едека“ и производителот на слатки „Шторк“ продолжува, пренесува Lebensmittel Zeitung.
Како што објави весникот, поради несогласувања поврзани со преговорите на меѓународно ниво, „Едека“ ја намалува понудата на производите на „Шторк“, при што меѓу засегнатите брендови се и Knoppers и Merci.
Според Lebensmittel Zeitung, во продавниците на „Едека“ наскоро би можело да недостигаат одредени варијанти на производи од овие два бренда. Како што се истакнува, не станува збор за целосно повлекување на производите на „Шторк“ од полиците, туку за намалување на нивниот асортиман.
Оваа одлука доаѓа по несогласувањата околу начинот на преговарање за условите за набавка на меѓународно ниво. „Едека“, во рамките на европската соработка во набавките, меѓу другото, учествува во набавниот сојуз Epic Partners.
Спорот меѓу компаниите не е нов. И во претходните фази, според германските медиуми, биле засегнати одредени производи, односно варијанти на брендовите Nimm2, Merci, Storck Riesen, Werther's, Knoppers и Toffifee.
И покрај заострувањето на спорот, производите на „Шторк“ не исчезнале целосно од понудата на „Едека“. Трговецот и понатаму продава одредени производи на овој производител, додека актуелната мерка пред сè подразбира намалување на изборот.